Skip to main content

Posts

Showing posts from August, 2020

Како теориите на заговор можат да станат мејнстрим идеологии?

Се чини дека во последно време теориите на заговор завладеаја со светот. Дали со ширењето на вирусот најпосле заврши ерата на разумот во чие време - во последните неколку стотина години - човештвото незабележливо напредуваше на сите фронтови? Мрачните околности на пандемијата, општата несигурност и големата количина неверодостојни информации, често и ноторни лаги, отежнуваат бројни значајни факти за јавноста да се пробијат низ шумата на заговорите. Меѓутоа, раката на теоретичарите на заговори не е толку долга. Иако секоја теорија на заговор може да стане опасно оружје во рацете на автократите и манипулаторите на јавното мислење, средство кое ќе ја оправдува догмата или ќе потикнува погроми, оваа ирационална социјална патологија самата по себе не може да го мобилизира целиот свет. Иако разни теории на заговори на многу луѓе ќе им бидат интересни во отсуство на доверба во официјалните информации, што најчесто ја објаснува нивната експлозија на социјалните мрежи за време на пандемијата, м

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин

Јавната тајна за реотворањето на економијата

Иднината на светската економија станува сè појасна. На почетокот на пандемијата, имаше големи несогласувања за оправданоста на карантинот и другите мерки, наспроти превисоката економска цена. Сега станува сè поочигледно дека економската активност ќе продолжи во целост само откако ќе им се дозволи на рестриктивните мерки да дадат резултат. Во спротивно, КОВИД-19 ќе продолжи да се шири, оневозможувајќи одржливо и брзо економско закрепнување сè до пристигнување на ефективни, широко достапни вакцини. Кога корона вирусот прв пат почна да се шири надвор од Кина, предизвикувајќи директно, нагло намалување на нивото на економска активност и вработување онаму каде што беше воведен целосен карантин, епидемиолозите се обидоа да ја информираат јавноста (и надлежните, во многу случаи) за она што ги очекува. Тие предупредија дека ширењето на вирусот е ставено под контрола само кога неговиот Р број – просечен број на заразени од едно инфицирано лице – ќе биде помал од еден. Кога бројот Р е 1, секое б