Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2020

Субјективната немоќ пред организираната неограничена моќ на државата

Краен песимизам, изразен очај и бесперпективност за иднината се главните карактеристики кои човек може да ги детектира од оваа денешна пандемија. Ако во генералниот развој на човековото општество нешто радикално не се промени, луѓето ќе ги загубат своите човечки карактеристики и ќе се претворат во „автомати без душа“, или, во полошата катаклизмична варијанта, капитализмот ќе ги истроши природните ресурси и ќе ги уништи условите за егзистирање на човечки живот на Земјата. Фактички, во оваа пандемија се оцртува една битна карактеристика на идните дистопии, а тоа е субјективната немоќ пред организираната неограничена моќ на државата. И тоа, државата која е сервис на мултинационалните компании и малкумината глобални финансиски олигарси. Поединецот е принуден, или поправо речено е убеден, да прифати дека никаков отпор кон „заповедите“ на државата не е можен. Дури, се оцртува неможност за отпор во самите мисли. Индивидуализмот, во онаа негова позитивна варијанта, е претворен во злосторство.

Потребна ни е човечка економија која функционира за сите, а не само за потребите на неколкумина избрани

Најморничавиот приказ на кризата во кој било дел од светот секогаш е нејзиното човечко лице. И колку што е поголемо нивото на катастрофата, толку сликата е поужасна. Во текот на последните неколку месеци, додека коронавирусот пустошеше низ Азија, ги откри последиците не само на пандемијата туку и на начинот на кој веднаш може да го промени животот што го познававме досега. Во Индија најострата изолација во светот се манифестираше со губење на средства за живот и раселување стотици илјади неформални работници и мигранти - за кои некои велат дека се сведоци на егзодус поголем од оној за време на поделбите во Индија и Пакистан (во кој беа раселени 15 милиони луѓе). Сега, додека се приближуваме кон крајот на изолацијата, аналитичарите и истражувачите предвидуваат дека истата демографска зона веројатно ќе се соочи со уште поголема експлоатација, дека луѓето на своите работни места ќе брзаат да ги исполнат сѐ поголемите барања и да ги надоместат изгубеното време и парите. Тринањан Радакришна

Ширењето на драконската моќ би можело да стане една од најдолготрајните последици на вирусот

Кога удри вирусот, властодршците возвратија на својот веќе испробан начин. За египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси тоа значеше дека на улиците ќе се извадат одредите за хемиско војување, во заштитни одела. Вооружени со средства за дезинфекција, се распрснаа во Каиро, а социјалните мрежи вриеја од ваквото покажување воена моќ. Рускиот лидер Владимир Путин исто така облече пластично одело, со нијанса на жолт канаринец, кога посети една болница во Москва која се грижи за пациентите заболени со коронавирус. А потоа во Италија испрати 15 воени авиони полни со медицинска опрема и прекриени со пораката „Од Русија со љубов“. Претседателот Реџеп Таип Ердоган, турскиот лидер кој инаку обожува да затвора новинари, зад решетки ги стави известувачите кои пишуваа негативно за стратегијата на земјата во борбата против коронавирусот, а потоа испрати гласовна порака до секој граѓанин постар од 50 години, тврдејќи дека сѐ држи под контрола. А во Туркменистан, една од најрепресивните земји во свет

Буден: Ние сме пред нов почеток за кој не знаеме на што е почеток

Хрватскиот филозоф и теоретичар на културата, Борис Буден, зборувајќи за актуелната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, истакнува дека глобалниот систем на неоолибералната демократија е премногу закотвен во мислата за својата неминливост и дека она што сега се случува всушност е показател дека нема незаменливи и вечни облици на владеење. Оттаму, од таа верба во својата вечност, неолибералниот поредок толку панично и неподготвено реагираше на предизвикот на пандемијата. Кажано поинаку, по трагата на она што го говори Буден, се чини дека глобалните елити никако не се во состојба да ја сфатат вообичаената, но не помалку вистинита мудрост, која уште Шехерезада, наведувајќи ја како да се зборови на непознат поет, ја изговорила пред царот Шахријар: „Владееле, долго владееле / Па сепак – наскоро ќе престанат да владеат“. Оваа мисла директно и едноставно ни покажува дека нема вечна власт и дека секоја власт е порозна во мелницата на времето. Се разбира, тоа многу често се заборава в

Како со позитивни мисли да ги зголемите шансите за среќа и напредок во животот?

„Тажните времиња н è  подобруваат и н è  водат кон доброто, додека добрите времиња ни го покажуваат изобилството од можности и ни ги нудат благодетите што треба да ги цениме. Исто така, сфатив дека ништо што е премногу добро или премногу лошо не трае долго.“ ~ Робин Шарма Овој текст го започнав со цитат од еден од денешните најпопуларни автори и мотивациони говорници Робин Шарма. Овој цитат можете да го препрочитате неколку пати и секогаш ќе ја согледувате неговата длабочина.  Според мене, не постои само среќно време, ниту, пак, само тажно време. Работите не се само црни, ниту само бели. Според Сведен Бринкман, професор по психологија на Универзитетот „Аалборг“:  „Одвреме-навреме животот е прекрасен, но исто така е и трагичен. Луѓето умираат во нашите животи, ги губиме, а ако ни е дозволено да имаме само позитивни мисли, тогаш оваа реалност ќе нè погоди уште посилно. Нема ништо лошо во тоа ако некој е природен оптимист или ужива во книгите за самопомош.“ Секој од нас с

Како да останете продуктивни додека работите од дома?

Благодарение на современата технологија која ја прави возможна комуникацијата и соработката со било кого во светот, работењето од дома станува сѐ почест избор за многу луѓе.  Покрај бенефитите кои ги носи, работењето од дома може да биде и негативно искуство доколку не сте подготвени. Ова е сосема разбирливо ако не сте навикнати на овој стил на работа.  Токму затоа, во продолжение пишувам за неколку совети за зголемување на продуктивноста доколку работите од дома.  Испланирајте го Вашиот работниот ден.  Во деновите кога работните обврски ги извршувате од дома, често може да се случи да работите и до подоцна, па и без неопходната пауза. Поради тоа, потребно е претходно да го испланирате Вашиот работен ден, па доколку е потребно, можете да поставите и тајмер. Постојат и апликации за автоматско следење на времето поминато на извршување на работните задачи. Воедно, неопходно е да користите и паузи. На нашиот мозок му се потребни паузи во текот на денот. Доколку си го ово