Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2020

Моја Европа: Копнеж за слобода, рамноправност, правна држава

Во последните десетина години во Европа се шири фама околу таканаречениот популизам. Особено во земјите на истокот и на југоистокот од ЕУ се засилија силите кои се нарекуваат популистички. Попрецизно тоа би можело да се каже дека во регионот од Полска до Бугарија и во земјите од западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ, на власт дојдоа речиси без исклучок оние политичари кои владеат авторитарно и автократски, односно луѓето кои во најмала рака се зајадливи кон демократијата и нејзините институции, односно ги презираат. Тие пропагираат националистичка политика, делумно етницистичка и политика на суверенизам, и под закрила на овој идеолошки плашт инсталираа корумпирани клиентелистички состави. Загриженост и несигурност Тој развој пред сѐ го овозможија бројни кризи кои следеа една по друга, кризи кои ЕУ ги доживеа во изминатата деценија и половина. Притоа, подемот на лидерите како унгарскиот премиер Виктор Орбан од една страна предизвика голема загриженост меѓу симпа