Skip to main content

Posts

Showing posts with the label правна држава

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Моја Европа: Копнеж за слобода, рамноправност, правна држава

Во последните десетина години во Европа се шири фама околу таканаречениот популизам. Особено во земјите на истокот и на југоистокот од ЕУ се засилија силите кои се нарекуваат популистички. Попрецизно тоа би можело да се каже дека во регионот од Полска до Бугарија и во земјите од западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ, на власт дојдоа речиси без исклучок оние политичари кои владеат авторитарно и автократски, односно луѓето кои во најмала рака се зајадливи кон демократијата и нејзините институции, односно ги презираат. Тие пропагираат националистичка политика, делумно етницистичка и политика на суверенизам, и под закрила на овој идеолошки плашт инсталираа корумпирани клиентелистички состави. Загриженост и несигурност Тој развој пред сѐ го овозможија бројни кризи кои следеа една по друга, кризи кои ЕУ ги доживеа во изминатата деценија и половина. Притоа, подемот на лидерите како унгарскиот премиер Виктор Орбан од една страна предизвика голема загриженост меѓу симпа...