Skip to main content

Posts

Showing posts with the label закони

Време е за директна демократија

Во партитократија, секоја партија ветува дека ќе му ја врати моќта на граѓанинот, но ниту една не го идентификува институционалниот дизајн како причината за неговата немоќ. Наместо тоа, партиско-политичарската класа континуирано ги зголемува своите привилегии, додека генералната состојба на општеството станува се полоша. Единствениот резултат од децении на делегирање на моќта на “народни претставници” е поларизација, отуѓеност и губење на довербата во политичкиот процес. Како да се протолкува фактот што во последните неколку децении поимот демократија воопшто ја нема изгубено неговата популарност, иако довербата во демократските системи е во постојан пад? Очигледно, постои крупен јаз меѓу демократските идеали и општата пракса на демократија во модерните општества. Луѓето не сакаат тиранија и автократија, туку владеење на народот, преку слободно и рамноправно учество во носењето на општествените одлуки. Она од што не се задоволни е начинот на кој тоа е остварено. Во актуелниот систем, с...