Можеби ова е годината кога вештачката интелигенција ќе го трансформира секојдневниот живот. Така рече Бред Смит, претседател на „Мајкрософт“, на настан организиран неодамна од Ватикан за вештачка интелигенција. Но изјавата на Смит помалку беше предвидување отколку повик за акција. Нема сомнение дека вештачката интелигенција претставува застрашувачка низа на оперативни, етички и регулаторни предизвици и да им се обратиме ќе биде далеку од едноставно. Иако развојот на вештачката интелигенција датира од 1950-тите, контурите на технологијата и веројатното влијание остануваат нејасни. Се разбира, неодамнешните откритија, од речиси застрашувачкиот текст слично напишан како од човек, од страна на „ЧетГПТ“ на „Опен АИ“, до апликациите што можат да го скратат процесот на откривање лекови, фрлаат светлина врз некои димензии за огромниот потенцијал на вештачката интелигенција. Но, останува невозможно да се предвидат сите начини на кои вештачката интелигенција ќе ги преобликува човечките животи и ...
ЗА ОТВОРЕНИ И СЛОБОДОУМНИ УМОВИ.