Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2014

Студентите – градители на општествениот систем

Во една од моите почетни колумни запишав дека студентите долго време биле сметани за слободоумни личности и важеле за една моќна и независна сила во општеството. За своевидна авангарда. Од студентите се очекувало да имаат послободни и полиберални видувања за самите процеси кои се случуваат во рамките на општеството. Од нив се очекувало да дадат идеја, да искажат мислење, да имаат свој став. Само така може да се очекува студентите да бидат идните градители на општествениот систем. А дали системот е воспоставениот општествен поредок во кој владеат правни норми како волја на владеачката класа кои сите ние како припадници на едно општество мораме да ги почитуваме, бидејќи зад нивната примена стои стравот од санкција која би ја извршила државата со својот апарат за принуда, или системот е нешто што сите ние можеме заеднички да го изградиме со своите предлози, идеи и труд?  Системот е тој што е подложен на промени. Промените се неопходни за негово подобрување и демократизирање. А кој

Реалноста која (не сакаме да) ја гледаме

Првото мое прашање во оваа колумна ќе биде наменето за студентите кои студираат на приватните факултети во нашата држава. Имено, колку често Ви се има случено некој да Ве праша на кој факултет сте и откако ќе му одговорите да чуете: „Ах, ама ти на приватен факултет си“. Сте го почуствувале разочарувањето на Вашиот соговорник додека го гледате негодувањето, кое како облак се појавува на неговото лице? Сте се почувствувале ли навредено и потценето, токму заради разочарувањето на соговорникот? И смачено Ви е, зар не? Разговорот, нормално, би продолжил во насока за тоа колку Вие што сте запишани на приватни факултети не учите, а оценките Ви паѓаат од небо. Па за тоа колку Вашите професори Ви се достапни дури и на мобилен телефон, а нивните мораат да ги чекаат пред кабинет и тоа единствено во терминот што е  определен за консултации. Потоа за тоа дека нивните книги биле поголеми од Вашите. И на крај ќе Ви речат дека Вие не мора да учите и дека секако ќе ги положите колоквиумите и испити