Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2020

Пет причини зошто ни се потребни емоционално интелигентни лидери во време на криза

Во време на криза, особено неочекувана, луѓето најчесто реагираат така што се подготвуваат за борба или за бегање. Овој инстинкт е останат од минатото, кога луѓето живееле во пештери. Но денес, во време на криза луѓето гледаат кон нивните лидери, кои, освен да ги водат, треба да им понудат надеж и поддршка. Лидерите ги немаат сите одговори, но граѓаните очекуваат од нив да ги најдат луѓето што ќе помогнат. Луѓето бараат некој на кој можат да му веруваат. Поради ова, потребни се лидери што имаат високо ниво на емоционална интелигенција, кои ќе може да ги контролираат емоциите и ќе им помогнат на жителите да ги контролираат нивните. Лидерите со висока емоционална интелигенција треба да демонстрираат неколку работи во време на криза.  Емпатија  Маја Ангелоу рекла дека луѓето може да ги заборават работите што сте ги направиле или кажале, но нема да заборават како се чувствувале поради вас. Начинот на кој се оценуваат лидерите во тешки времиња не е според нивните зборови, а пон

Епидемиите не само што ги уништуваат економиите, туку и јасно ги истакнуваат општествените нееднаквости

Многу пред постојаното слободното движење на луѓе и стоки во светот, пандемиите веќе беа неизоставен дел од човековата цивилизација. Како мистериозни, големи историски настани, масовните епидемии на болести честопати ги нарушија старите верувања и пристапи, воведувајќи големи промени во нормалниот тек на животот. Но, пандемијата на  КОВИД-19  може од корен да ја промени оваа шема. На многу начини сегашната пандемија потсетува на нејзините претходници. Предвидливо или не, појавите на болести секогаш ги изненадувале властите, кои честопати не успеваа да одговорат брзо и одлучно. Алберт Ками ја прикажа оваа тенденција во неговиот роман „Чума“, а кинеската влада практично ја покажа кога првично ги прикри информациите за новиот коронавирус. Американскиот претседател Доналд Трамп го стори истото тоа кога ја минимизира заканата минатиот месец со што го изедначи КОВИД-19 со сезонски грип. Поради недостиг од предвидливост на лидерите, честопати луѓето остануваа само со една вистинска

др. Радман: Ова е криза на културата на разумот, паметта, мудроста и достоиноството

Во разговор за хрватски „Спектар“, др. Мирослав Радман, познат биолог и член на хрватската, француската, европската и светската академија на науки и уметности, зборува за пандемијата на коронавирусот, одговорот на науката, како владите на богатите и на сиромашните држави се грижат за своите граѓани, што им забележува на хрватските власти и што би направил тој, ако некој го праша. Дали во борбата против коронавирусот и покрај технолошкиот и секој друг напредок, науката ја покажа целата своја немоќ? Да не претеруваме: не целата своја немоќ, таа уште има моќ! Тука нешто боде очи - постои силна негативна корелација помеѓу економската, научната, технолошката развиеност на државите и здравствениот и економскиот ефект на коронавирусот. Она кон што моментално се цели е што поголем број тестирања за присутност на вирусот, поголем број места во болниците, опременост на болниците... сето тоа што го имаат Швајцарија, Америка, Германија, Британија или Франција, многу повеќе отколку

Јерговиќ: Ако здравјето ви е поважно од човековите права, тогаш најдобро е никогаш повеќе да не излезете од дома

Аналитика: Што оваа пандемија зборува за нас и за ова време? Јерговиќ: Не знам што зборува, ако воопшто нешто зборува. Можеби најмногу од сè дека сме пречувствителни. Ќе го повторам она што го реков на почетокот на пандемијата, молејќи ги епидемиолозите да ме демантираат ако грешам: да се појавеше Ковид-19 пред 30-тина години, ќе останеше незабележан, и - иако веројатно малку побавно - исто ќе се раширеше по светот. Ќе умреа повеќе луѓе отколку што ќе умрат сега, но тоа никој немаше да го забележи, како што и денес не се забележуваат и не се бројат луѓето што умираат од глад или од некои неатрактивни болести на сиромаштијата, од колера, на пример. Да се појавеше пред 30 години, ковид-19 ќе беше третиран како некоја таинствена вироза од која гинат главно луѓе што и онака се болни, а кои по правило па уште се и стари.  Денес, меѓутоа, за него сè знаеме, пред него стравуваме и живееме во средновековни карантини, зад цврсто затворени општински, регионални и државни граници, а

Дали COVID-19 ќе го промени светот?

Постојат два вида на криза: оние за кои не сме можеле да се подготвиме, зашто никој не можел да ги предвиди и оние кои требало да ги дочекаме подготвени, зашто биле најавени. Епидемијата на Ковид-19 очигледно се наоѓа во втората категорија, без оглед на тоа што го зборува претседателот Доналд Трамп во обид да ја избегне одговорноста за катастрофата што се случува. Точно е дека станува збор за нов вид вирус и дека точниот датум на избивањето на епидемијата никој не можел да го предвиди, но не може да се негира дека стручњаците веќе долго време зборуваат дека избивањето на ваква епидемија е прашање на момент. САРС, МЕРС, Х1Н1, ебола и други епидемии беа доволно предупредување. Светската здравствена организација пред 15 години ја ревидираше и ја прошири глобалната рамка за реагирање на епидемии на заразни болести во обид да ги отстрани недостатоците воочени во текот на епидемијата на САРС во 2003 година. Во 2016 година, Светската банка утврди програма за финансиска помош за сиромашни

Харари: Оваа епидемија може да даде оправдание за забрзан развој на тоталитарните режими

За ситуацијата со коронавирусот Кристијана Амампур за Си-Ен-Ен разговараше со Јувал Харари, еден од најпознатите светски писатели кој се занимава со историјата на човештвото. „Глобална епидемија како оваа не сме виделе последниве 100 години. Никој нема искуство за ова што сега го гледаме, а тоа е причината што е толку застрашувачко и вознемирувачко. Но, ако ја погледнеме пошироката историска перспектива, човештвото и порано се среќавало со такви епидемии, но сега сме во подобра ситуација да се носиме со епидемијата благодарение на модерната медицина“, вели Харари, одговарајќи на прашањето за слични епидемии во историјата на човештвото. „Кога во 14-от век избила епидемија на црна чума се раширила од Кина до Велика Британија во рок од 10 години, предизвикувајќи смрт на четвртина до половина на популацијата на Азија и Европа. Никој не знаел што се случува, што е причина за болеста и како да се справи со неа. Сега научниците и лекарите, за само две недели, успееја не само да го и

Каква ќе биде иднината на архитектурата и дизајнот после пандемијата?

Дали отворените работни простори се минато? Дали можат да преживеат облакодерите? Дали нашите телефони ќе контролираат сè, од светлата до нарачувањето кафе? Како треба да ја замислуваме архитектурата на иднината во светлината на нова можна пандемија? Од антибактериски месинг врати до широки, добро проветрени булевари, нашите градови и згради отсекогаш биле обликувани од болести. Колерата беше таа која влијаеше на модерната улична мрежа, бидејќи епидемиите од 19 век поттикнаа воведување на канализациски системи кои бараа патиштата над нив да бидат пошироки и прави, заедно со новите закони за зонирање за да се спречи пренатрупаноста. Третата пандемија на бубонска чима, која почнала во Кина во 1855, пак, го изменила дизајнот на голем број елементи, од дренажни цевки до прагови на вратите и градежните темели, во контекст на глобалната војна против стаорците. Естетиката на модернизмот делумно била резултат на туберклозата, со санаториуми преплавени од светлина, хигиенски поплочени

Батлер: Капитализмот има свои ограничувања

Императивот – изолација се совпаѓа со ново признавање на нашата глобална меѓузависност во текот на ова ново време и простор на пандемија. Од една страна, од нас е побарано да се собереме во нашите семејни заедници, заеднички простории за живеење или индивидуални живеалишта, лишени од социјален контакт и преместени во сфери на релативна изолација; од друга страна, соочени сме со вирус кој брзо ги преминува границите, несвесен за самата идеја за домашна територија. Но, не секој има домаќинство или „семејство“ , а и зголемена е бројката на бездомно или транзитирачко население во САД. Значи, „домаќинството“ се смета за простор за заштита, но тоа е далеку од точно за многумина. Во САД, формулирана е национална стратегија и истата се појавува во збунувачки форми во јавноста. Прашањето кој ќе живее и кој ќе умре, на нашиот претседател му изгледа како проблем за трошоците и придобивките за кои ќе одлучат пазарите. Во такви услови, како да го поставиме прашањето какви последици ќе има оваа пан