Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2013

Ако постои проблем, постои и решение!

„Веќе одамна за мене не е важно кој умее да говори во ова општество, не е важно ни со какви зборови ни со каков тон; важно е тоа што знае да направи тој, како го прави тоа и како она што некогаш го направил умее да го одржува, да го усовршува и да го брани.“ Овие зборови запишани од страна на Иво Андриќ, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1961 година, ми паднаа во очи и не ми излегуваат од глава. Неговите зборови се покриени со превез што те тера да го тргнеш, а потоа со отворен ум да ги препрочитуваш повторно и повторно. Дали овие зборови на големиот Андриќ може да се поврзат и со состојбата во која се наоѓаат студентите како еден дел од нашето општество? Се разбира – да! Со какви зборови и со каков тон студентите зборуваат за проблемите со кои се соочуваат за време на своите студии? Како го прават тоа и како она што некогаш го направиле умеат да го одржуваат, да го усовршуваат и да го бранат? Хмм... Ако си ги поставиме овие прашања и ако бараме одговор за нив, с

„Образование за мир“

Нека мирот преовладува на земјата и нека барем еден ден е исполнет со мир и ненасилство. Тоа би била универзалната порака за овој ден, денес прославуван во повеќе од 180 земји ширум светот. Еден ден во годината исполнет со мир е премалку, но и премногу во ситуација кога во светот, на повеќе меридијани, оружјето не мирува и кога крвави известувања стигнуваат од сите кризни жаришта.  Секоја година на 21 септември ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на мирот, ден кој е посветен на јакнењето на идеалите за мир помеѓу сите нации и народи. Генералното собрание на ОН официјално го усвои овој датум како Ден на мирот во 2001 година, на тој начин изразувајќи ја својата посветеност на светскиот мир, како поддршка на сите луѓе што работат на постигнувањето на таа цел. Меѓународниот ден на мирот е востановен уште во 1981 година со резолуцијата 36/67, на Генералното собрание на ОН, а првиот Ден на мирот бил обележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание на ОН

„Учи за да не работиш“ - точно!

Форсирањето за запишување на студенти на техничките факултети, во однос на факултетите за општествени науки, не смее да се сведе само на кампања. Но, и ние кои студираме на факултетите од областа на општествените науки не смееме да бидеме потценети и маргинализирани од страна на државата и нејзините институции! Правејќи осврт врз трендовите кои постојат последниве неколку години во високото образование во Република Македонија, евидентно е дека младите луѓе се запишуваат на факултет заради следниве причини:  - надеж дека со диплома за завршено високо образование полесно ќе се најде работа; - можноста во текот на студиите да се аплицира за заминување во странство и - одложување на процесот за вработување. Во минатото на младите луѓе им ја всадувале во глава максимата „учи за да не работиш“. Денес, за жал, оваа максима буквално си го пронашла своето место во општественото живеење. Сведоци сме за илјадници дипломирани млади луѓе кои си го бараат своето место во општество

Зајакнување на врските во младинската соработка

Отворете поле за меѓусебна соработка, дајте им шанса на идеите, размислувањата и ставовите. Нека тие бидат искажани и нека си го пронајдат своето вистинско место.  Во периодот од 24 до 26 јуни годинава, во Загреб, Република Хрватска, се одржа младинска конференција на тема: „Хрватска во ЕУ - зајакнување на врските во младинската соработка“. На конференцијата присуствуваа 220 учесници од земјите-членки на ЕУ, од Хрватска, како и од кандидатите и потенцијалните кандидати за идно членство во ЕУ. Целта на конференцијата е да се дискутира за клучите прашања за зајакнување на младинската соработка во Европа.  Оваа конференција претставува уникатна можност за да се разгледаат и дискутираат постигнувањата и предизвиците за младинска соработка во проширена ЕУ; да се рефлектира европскиот идентитет; да се истражи како може да се изградат мостови помеѓу младите луѓе низ Европа и да се споделат искуства за време на интерактивните работилници, сесии и дискусии во групи.  За време на оваа младинска

Важноста на студентското организирање

Според одредени истражувања што се извршени во однос на студентското организирање во нашата држава, еклатантен е податокот дека повеќе од 80% од студентите не се членови на ниту една студентска организација. Оваа состојба мора да се промени и мора да се изнајдат начини како студентите да се вклучат во студентските организации, кои сепак (треба да) постојат за да ги штитат нашите права и интереси. За да може да се промени состојбата, мора да видиме кои се главните причини поради кои младите луѓе не се вклучуваат во овие организации. Во прв ред, јас овде би ги сместил неинформираноста за постоењето, плановите и целите на студентските организации, потоа незапознаеноста со нивните активности, како и начинот за вклучување во истите. Сѐ додека водечки принцип во животот на младите луѓе е конформизмот, а мисла водилка е “наведната глава сабја не ја сече“ – ние нема да можеме да зборуваме за младите како за движечка сила во општеството. Неорганизираноста и апатичноста кај нашите студенти е вид