Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2012

Студентско робување

Во сите времиња и во сите земји, студентите биле сметани за слободоумни личности и важеле за една моќна и независна сила во општеството.  Од студентите се очекувало да имаат послободни и полиберални видувања за сите процеси во државата. Јавна тајна е дека многу власти се плашеле од моќта на процесите и промените што студентите биле способни да ги истакнат и да ги донесат на јавна сцена. Токму затоа, властите се обидувале (на овој, или на оној начин) студентите и студентските движења да ги стават под своја контрола. Влевање на страв, на стравопочит, на послушност, на ред и дисциплина внатре во студентските организации и движења се само дел од работите што биле правени од страна на властите. Целта била јасна – да се натераат студентите да ја почитуваат и да ѝ служат на власта. Власта на овој начин обезбедувала „млада и свежа крв“ чија подршка ѝ била од огромна корист, но и нови гласачи за време на изборите.  Студентите, многу пати наназад во историјата, со свои иницијативи покаж

Довербата е клучниот услов за постоење на соживот

Генераторот на секојдневните инциденти кои се случуваат во Република Македонија е потхрануван од многубројни фактори. Овие фактори се од политичка, економска и пошироко општествена природа. Политиката која се води е причина за с è  поголемата поделеност, како на партиска, така и на национална основа. Од секојдневните партиски говори, изјави и прес конференции, само се потпалува и поттикнува етничката и верската нетрпеливост и нетолерантност. Сиромаштијата, невработеноста и социјалната беда на граѓаните се само дел од причините кои ја сочинуваат економската природа на кризата. Мерењето на довербата на граѓаните во институциите на системот, само н ѝ  покажува дека истата е или минорна или не постои, што пак е индикатор за севкупната криза во социјабилитетот.  Случувањата кои (за жал) н ѝ  се секојдневие, н ѝ  покажуваат дека во самото општество имаме и тоа како сериозни работи на кои е потребно да работиме заедно! Одговорно тврдам дека е подобро тие да се спречат, отколку последиците од