Skip to main content

Posts

Showing posts with the label пандемија

Судниот ден за демократијата?

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа. Кризата наметната со КОВИД-19 ги ​​забрза овие трендови, а потребата за јасна стратегија за одбрана на либералната демократија стана итна како никогаш досега. Во 1947 година, две години по десеткувањето на Хирошима и Нагасаки со нуклеарни бомби, „Журналот за атомски научници“ го претставил Часовникот до Судниот ден. Целта била да се информира дека светот е на раб на уништување и да се поттикнат дејствија за „враќање на времето“. Во денешно време треба да се разгледа потребата да се создаде часовник што ќе покажува колку блиску до колапс се нашите демократии. Стрелките на тој современ „Часовник до Судниот ден за демократијата“ брзо би се приближувале кон полноќ. Либералната демократија се заснова на идејата дека доколку поединците разумно постапуваат во сопствен интерес ќе се добијат добри резултати. Ме...

Што носи корона кризата?

Надежите се топат една по друга Првата исчезна со веројатноста дека САРС-КоВ-2 има сезонски карактер, втората дека топлото време ќе ја ублажи пандемијата… Понатаму, увереноста на јавноста дека науката има способност за инстант разоткривање и решавање на вирусот, исто така, брзо се покажа како погрешна. Но, едно нешто што пречесто се нагласува, а тоа е „мантрата“ дека треба изодување подолг пат (години, дури и децении) до пронаоѓање ефикасна и безбедна вакцина и лекови. За тоа постојат неколку причини. Прва од нив е користа, која на полето на владеење во услови на економија на постојан шок и пресија (а сега се гради токму таква економија) пандемијата им ја носи на политичките и стопанските елити. Втората причина е идентична со инструментите на нафтениот бизнис. Цената на нафтата се регулира со количеството нејзино производство – со намалување на производството цената на светскиот пазар расте, а со негово зголемување, таа паѓа. Одлуката за тоа кога цената ќе расте, а кога ќе паѓа не зави...