Skip to main content

Posts

Showing posts from 2012

Кога академските граѓани ќе стивнат!

Каде се наоѓаат студентите во оваа наша држава? Каде се наоѓа младината на нашето општество? Се плашам дека ако речам – на маргините, ќе погрешам. Не (ги) ја гледам ниту таму!  Во последниов период се случи значаен настан. Студентите го добија новиот претседател на Студентскиот Парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Да, го добија е најправилниот термин за овој настан. А колку студенти излегоа на гласање за да го изберат својот лидер – првиот меѓу еднаквите? А оние што излегоа од кои причини го направија тоа? Не сакам да прејудицирам, бидејќи сум студент на друга високо образовна институција, па сметам дека не би било правилно да навлегувам повеќе со коментари за оваа работа. Ова, воедно, нека биде одговор за сите прашања што ги добив минатава недела, во смисла зошто немам коментар за ова случување.  Ама, како да бидеме сфатени ние студентите кога постојано си молчиме и дозволуваме работите само да нѝ се случуваат, а не превземаме апсолутно

(Бес)перспективноста на македонското образование

И само јас си знам колку ме боли пишувањето на оваа тема. Долго размислував дали да го пишувам овој текст или не, но на крај дојдов до заклучок дека молчењето не ги решава проблемите.  Зошто младиот човек не ја гледа својата иднина во Република Македонија?! Како се чувствувате кога ќе прочитате дека секој втор средношколец размислува по една деценија да си замине од државава?! Дали на некој му е воопшто грижа ако младината се гледа себе си во странство?! Води ли сметка некој за овие работи? Според мене – не. Барем не во пракса. Ама доста н ѝ  е и од анализи! Ајде да промениме нешто!  Ги знаеме славните зборови на Кенеди: „не прашувај што може државата да направи за тебе, туку што ти можеш да направиш за државата“ и милуваме да ги цитираме (понекогаш), но само толку. Не е ли во најмала рака жално кога средношколци или студенти ќе Ви речат дека тие нема што да бараат во Македонија и дека нивната иднина е што подалеку од оваа држава? Зошто? Затоа што овде никој не се

Каде одиме со образованието?!

На сите нас н ѝ  е добро позната реченицата: „Држава со ваква младина не треба да се грижи за својата иднина“. А сме се запрашале дали тоа може да се каже за денешнава младина? Дали тоа важи и за денешните млади генерации? За оние во кои што и јас самиот спаѓам.  По мас - медиумите секојдневно (а посебно во летниот период) н ѐ  „бомбардираат“ со кампањите за запишување на факултет и за студирање (на техничките науки, се разбира). Во последниве неколку години, повеќе од 90% од матурантите во земјава одлучуваат своето образование да го продолжат на некоја од високо образовните установи. Уписната политика во Република Македонија е таква што речиси секој може да се запише на факултет и да студира. Во изминативе години се отворија нови високо образовани установи, постојаните се проширија со дисперзирани одделенија, се зголеми квотата за запишување на студенти, така што сега имаме повеќе слободни места, отколку завршени срeдношколци. Нејсе. Европа н ѝ  забележуваше дека имаме низок

Студентско робување

Во сите времиња и во сите земји, студентите биле сметани за слободоумни личности и важеле за една моќна и независна сила во општеството.  Од студентите се очекувало да имаат послободни и полиберални видувања за сите процеси во државата. Јавна тајна е дека многу власти се плашеле од моќта на процесите и промените што студентите биле способни да ги истакнат и да ги донесат на јавна сцена. Токму затоа, властите се обидувале (на овој, или на оној начин) студентите и студентските движења да ги стават под своја контрола. Влевање на страв, на стравопочит, на послушност, на ред и дисциплина внатре во студентските организации и движења се само дел од работите што биле правени од страна на властите. Целта била јасна – да се натераат студентите да ја почитуваат и да ѝ служат на власта. Власта на овој начин обезбедувала „млада и свежа крв“ чија подршка ѝ била од огромна корист, но и нови гласачи за време на изборите.  Студентите, многу пати наназад во историјата, со свои иницијативи покаж

Довербата е клучниот услов за постоење на соживот

Генераторот на секојдневните инциденти кои се случуваат во Република Македонија е потхрануван од многубројни фактори. Овие фактори се од политичка, економска и пошироко општествена природа. Политиката која се води е причина за с è  поголемата поделеност, како на партиска, така и на национална основа. Од секојдневните партиски говори, изјави и прес конференции, само се потпалува и поттикнува етничката и верската нетрпеливост и нетолерантност. Сиромаштијата, невработеноста и социјалната беда на граѓаните се само дел од причините кои ја сочинуваат економската природа на кризата. Мерењето на довербата на граѓаните во институциите на системот, само н ѝ  покажува дека истата е или минорна или не постои, што пак е индикатор за севкупната криза во социјабилитетот.  Случувањата кои (за жал) н ѝ  се секојдневие, н ѝ  покажуваат дека во самото општество имаме и тоа како сериозни работи на кои е потребно да работиме заедно! Одговорно тврдам дека е подобро тие да се спречат, отколку последиците од