Skip to main content

Posts

Showing posts with the label рестрикции

Јавната тајна за реотворањето на економијата

Иднината на светската економија станува сè појасна. На почетокот на пандемијата, имаше големи несогласувања за оправданоста на карантинот и другите мерки, наспроти превисоката економска цена. Сега станува сè поочигледно дека економската активност ќе продолжи во целост само откако ќе им се дозволи на рестриктивните мерки да дадат резултат. Во спротивно, КОВИД-19 ќе продолжи да се шири, оневозможувајќи одржливо и брзо економско закрепнување сè до пристигнување на ефективни, широко достапни вакцини. Кога корона вирусот прв пат почна да се шири надвор од Кина, предизвикувајќи директно, нагло намалување на нивото на економска активност и вработување онаму каде што беше воведен целосен карантин, епидемиолозите се обидоа да ја информираат јавноста (и надлежните, во многу случаи) за она што ги очекува. Тие предупредија дека ширењето на вирусот е ставено под контрола само кога неговиот Р број – просечен број на заразени од едно инфицирано лице – ќе биде помал од еден. Кога бројот Р е 1, секое б...