Skip to main content

Posts

Showing posts from 2014

Каде по дипломирањето?

Зошто младиот човек не ја гледа својата иднина во Република Македонија? Како се чувствувате кога ќе прочитате дека секој втор средношколец размислува по една деценија да си замине од државава? Дали на некој му е воопшто грижа ако младината се гледа себе си во странство? Води ли грижа некој за овие работи? Според мене – не! По дипломирањето следува тешкиот и макотрпен период на барање работа. Истражувањата покажуваат дека по одреден период на интензивно барање на работа, младите се откажуваат и кај нив се јавуваат чувства на незадоволство, гнев и апатија, додека иницијативноста кај овие лица се намалува. Подгрени надежите кај младите луѓе дека со завршено високо образование веднаш се доаѓа до посакуваната работа, резултираат со запишување на голем дел од тие лица на високо образовните институции (а ги има многу) со што се засилуваат стравувањата дека ни се множат високообразовани кадри во нашата држава кои по дипломирањето нема да можат да најдат (соодветна) работа. Значи вината лежи

За потребата од револуција во образовните системи

Постојните системи за јавно образование биле дизајнирани во периодот помеѓу втората половина на XVIII и првата половина на XIX век. Претходно такви системи воопшто и не постоеле. Неминовно зачетоците на системите за јавно образование биле условени и со тогашната индустриска револуција. Значајно е да се истакне дека идејата за јавно образование кое ќе се финансира од даноците кои ги плаќаат сите луѓе, а ќе биде достапно и бесплатно за широките народни маси – била револуционерна и многу значајна. Она што на прв поглед е воочливо за денешниот образовен систем е тоа што тој е моделиран во интерес на индустријализмот. Тоа се гледа, на пример, во самата организација на училиштата. Тие се организирани како фабрики. А во нив -поделби, поделби и уште поделби. Класично ѕвонче кое го означува почетокот и крајот на наставата, поделба на учениците во училници, поделба на предметите по важност (на пример: математика и странски јазици како најважни, потоа хуманистички науки, па природни науки и

Младата милениумска генерација и пазарот на трудот

Младата милениумска генерација е генерацијата на којашто и јас припаѓам. Во оваа генерација спаѓаат лицата од 19 до 29 годишна возраст. Младите луѓе ја користат ползата од интернетот и информатичките технологии и слободно се изразуваат во тој виртуелен простор. Тие често умеат да се изразуваат и да пишуваат на одредени теми на форуми или на личните блогови. Зошто е важно да се искажува сопственото мислење и став со користење на друштвените мрежи и социјалните платформи? Бидејќи во денешно време се бара и се цени иновативност и креативност и соодветен начин како истите да се пренесат и употребат во практиката. Често подложни на критики, а сепак вртоглаво користени во секојдневниот живот. Ова слободно би можело да се каже за друштвените мрежи. Од споделување на сопствени размислувања и ставови, преку поврзување со пријателите, па сѐ до барање работа – овие мрежи ни помагаат да ги оствариме своите цели. А не смееме да заборавиме дека и секој од нас сака да биде слушнат, прочитан и

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација беше

Иднината на државата е во младите луѓе!

Се наоѓаме во период на изборна еуфорија во нашата држава. Секојдневните политички пораки кои политичарите си ги упатуваат меѓусебно, но и до народот нема да најдат простор во оваа колумна. Зошто? Затоа што ние младите луѓе се споменуваме само кога е потребна бројка за да се оствари изборна победа! За проблемите со кои секојдневно се соочуваме, нема слух ниту воља за решавање! Во македонското општество постои погрешна перцепција за политиката и за политичките партии. Не постои општество во светот во кое толку многу политиката е навлезена во него, како ова нашево. На телевизија, на радио, во печатените и во електронските медиуми, насекаде околу нас и секојдневно – наголемо и нашироко се пишува и се зборува за политика. Вистински опиум за народот! Кога во општеството владее атмосфера на сеприсутност на политиката во нашите животи и во нашето (потесно или пошироко) опкружување, невозможно е да се остане без коментар за ставовите на политичарите и да не се вклучи широката н

Студентите – градители на општествениот систем

Во една од моите почетни колумни запишав дека студентите долго време биле сметани за слободоумни личности и важеле за една моќна и независна сила во општеството. За своевидна авангарда. Од студентите се очекувало да имаат послободни и полиберални видувања за самите процеси кои се случуваат во рамките на општеството. Од нив се очекувало да дадат идеја, да искажат мислење, да имаат свој став. Само така може да се очекува студентите да бидат идните градители на општествениот систем. А дали системот е воспоставениот општествен поредок во кој владеат правни норми како волја на владеачката класа кои сите ние како припадници на едно општество мораме да ги почитуваме, бидејќи зад нивната примена стои стравот од санкција која би ја извршила државата со својот апарат за принуда, или системот е нешто што сите ние можеме заеднички да го изградиме со своите предлози, идеи и труд?  Системот е тој што е подложен на промени. Промените се неопходни за негово подобрување и демократизирање. А кој

Реалноста која (не сакаме да) ја гледаме

Првото мое прашање во оваа колумна ќе биде наменето за студентите кои студираат на приватните факултети во нашата држава. Имено, колку често Ви се има случено некој да Ве праша на кој факултет сте и откако ќе му одговорите да чуете: „Ах, ама ти на приватен факултет си“. Сте го почуствувале разочарувањето на Вашиот соговорник додека го гледате негодувањето, кое како облак се појавува на неговото лице? Сте се почувствувале ли навредено и потценето, токму заради разочарувањето на соговорникот? И смачено Ви е, зар не? Разговорот, нормално, би продолжил во насока за тоа колку Вие што сте запишани на приватни факултети не учите, а оценките Ви паѓаат од небо. Па за тоа колку Вашите професори Ви се достапни дури и на мобилен телефон, а нивните мораат да ги чекаат пред кабинет и тоа единствено во терминот што е  определен за консултации. Потоа за тоа дека нивните книги биле поголеми од Вашите. И на крај ќе Ви речат дека Вие не мора да учите и дека секако ќе ги положите колоквиумите и испити

Диплома или знаење?

Мнозинството од младите луѓе се запишуваат на факултет за да добијат диплома, а со цел подоцна полесно да најдат работа. Меѓутоа, з апишувањето на факултет и студирањето би требало да значи дека студентот сака да стекне знаење, информации и вештини од определена област кои подоцна ќе му бидат корисни, а не само да добие парче хартија, наречено диплома! Знаењето е поим со многу значења што зависат од контекс тот , но по правило е нај блиску врзано со концепти како што се информации, факти, комуникација, учење и ментален стимул. Теоретски кажано знаењето претставува свест или разбирање на одредени факти, вистини или информации добиени во форма на искуство или на учење ( a posteriori ), или низ процес на интроспекција ( a priori ). Знаењето е блиску поврзано со поседување на битни и меѓусебно поврзан и детали кои сами по себе имаат помала   вредност . Поинаку кажано, з наење то е збир на информации и вештини кои се стекнати со искуство и образование, а кои низ проби и евалуациј

Целта на образованието

Големиот ум од античко време Аристотел има запишано дека образованието е најдобрата животна одлука. Во текот на целиот наш живот ние постојано учиме и се надоградуваме себеси. Стекнуваме како формално, така и неформално образование и вештини. Зошто го правиме сето тоа? Пред сѐ, затоа што се надеваме дека еден ден сето тоа ќе ни биде од полза. Од најрана возраст започнуваме со буквар и полека полека навлегуваме во светот на пишаниот збор. Во оној прекрасен и чудесен свет кој почнува да нѐ обзема. Колку ќе навлеземе во тој свет зависи од самите нас. Со текот на годините коишто претстојат пред нас во образовниот циклус изучуваме најразлични предмети и добиваме многубројни информации. Најголем дел од тие информации ќе бидат заборавени веднаш после испрашувањето или полагањето на тестот. Во делот на учењето на содржини за време на основното образование, она што го карактеризира овој период е учењето „на памет“, односно учењето механички. Учениците учат за да добијат поголема оценка,