Skip to main content

Posts

Showing posts from September, 2020

Судниот ден за демократијата?

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа. Кризата наметната со КОВИД-19 ги ​​забрза овие трендови, а потребата за јасна стратегија за одбрана на либералната демократија стана итна како никогаш досега. Во 1947 година, две години по десеткувањето на Хирошима и Нагасаки со нуклеарни бомби, „Журналот за атомски научници“ го претставил Часовникот до Судниот ден. Целта била да се информира дека светот е на раб на уништување и да се поттикнат дејствија за „враќање на времето“. Во денешно време треба да се разгледа потребата да се создаде часовник што ќе покажува колку блиску до колапс се нашите демократии. Стрелките на тој современ „Часовник до Судниот ден за демократијата“ брзо би се приближувале кон полноќ. Либералната демократија се заснова на идејата дека доколку поединците разумно постапуваат во сопствен интерес ќе се добијат добри резултати. Ме

Време е за директна демократија

Во партитократија, секоја партија ветува дека ќе му ја врати моќта на граѓанинот, но ниту една не го идентификува институционалниот дизајн како причината за неговата немоќ. Наместо тоа, партиско-политичарската класа континуирано ги зголемува своите привилегии, додека генералната состојба на општеството станува се полоша. Единствениот резултат од децении на делегирање на моќта на “народни претставници” е поларизација, отуѓеност и губење на довербата во политичкиот процес. Како да се протолкува фактот што во последните неколку децении поимот демократија воопшто ја нема изгубено неговата популарност, иако довербата во демократските системи е во постојан пад? Очигледно, постои крупен јаз меѓу демократските идеали и општата пракса на демократија во модерните општества. Луѓето не сакаат тиранија и автократија, туку владеење на народот, преку слободно и рамноправно учество во носењето на општествените одлуки. Она од што не се задоволни е начинот на кој тоа е остварено. Во актуелниот систем, с

Зошто денес е важен персонализмот?

Ова е тешко и исцрпувачко време. Но исто така е точка на пресврт. Една идеалистичка генерација е во подем и копнее да го исполни духовниот вакуум кој ѝ го оставиja родителите. Опиплива е нивната желба за солидарност, за отфрлање на една индивидуалистичка култура. Има многу луѓе и од десницата и од левицата кои ја изгубија довербата во институциите на слободата на говорот и отворената дебата - кои се основа на либералниот поредок. Тие сметаат дека слободата на говорот е само маска која ја носат елитите за да ја сочуваат својата моќ. Затоа произведуваат нешто што се нарекува „култура на откажување“, затоа мислат дека да се има став е исто што и насилството, затоа се обидуваат политички да ги уништат луѓето со кои не се сложуваат и тоа заради неколку твитови. Го бранам либерализмот зашто мислам дека наш основен проблем се незнаењето и некомпетентноста, а не заговорот на некои елити. Светот е чудесно комплициран; на нашите системи им се неопходни реформи. Не мислам дека само еден поглед на

Што носи корона кризата?

Надежите се топат една по друга Првата исчезна со веројатноста дека САРС-КоВ-2 има сезонски карактер, втората дека топлото време ќе ја ублажи пандемијата… Понатаму, увереноста на јавноста дека науката има способност за инстант разоткривање и решавање на вирусот, исто така, брзо се покажа како погрешна. Но, едно нешто што пречесто се нагласува, а тоа е „мантрата“ дека треба изодување подолг пат (години, дури и децении) до пронаоѓање ефикасна и безбедна вакцина и лекови. За тоа постојат неколку причини. Прва од нив е користа, која на полето на владеење во услови на економија на постојан шок и пресија (а сега се гради токму таква економија) пандемијата им ја носи на политичките и стопанските елити. Втората причина е идентична со инструментите на нафтениот бизнис. Цената на нафтата се регулира со количеството нејзино производство – со намалување на производството цената на светскиот пазар расте, а со негово зголемување, таа паѓа. Одлуката за тоа кога цената ќе расте, а кога ќе паѓа не зави