Skip to main content

Posts

Showing posts from January, 2013

За Европа и европското

Повторно корпа од Европа! „Блудницата од Вавилон“, како што ја нарекуваат, ни удри елегантна корпа в лице! Ама ако, сами си ја баравме! А што си баравме, тоа и си добивме... Оваа дама не сака да ни даде ниту датум за датум за состанок, а не пак да сака да бидеме заедно. Ние сме отворени 24/7 за Европа и правиме сѐ за да ја задоволиме оваа дама, а таа толку грубо и дрско се однесува со нас! Срамота!  Ама имало и трета страна што се мешала во нашата врска! Некој сосед... Или, поточно речено неколку соседи биле во прашање? Излезе дека сите се против нашата врска?! Балкански сапуници! Тоа не ни пречи нам, или само ја јакни нашата желба за да бидеме заедно?!  Ако ние сакаме да воспоставиме врска со неа, тогаш зошто комшијата има привилегии во тој однос? Затоа што подобро се познаваат? Затоа што се во подобри односи? Па, чуму ни тогаш потреба за да воспоставиме врска? Или врската во овој случај е нужно зло?!  Ајде да не создаваме политика базирана на емоции! Ајде да видиме со отворени оч