Коста Апостолов Солев Рацин. Личност која се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, автор кој пишуваше за маките и страдањата на македонскиот народ во првата половина на 20 век, за духот на индивидуалното наспроти колективното, за социјалната правда, човекот кој се занимавал и со проза и кој напишал неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика, личност за која сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, човекот кој ја напиша „Бели мугри“, а денес, години по неговата смрт, одредени личности се обидуваат да го оцрнат него и да фрлат црно петно врз неговото творештво! Големиот поет Коста Солев Рацин ќе запише: „Времиња тешки дојдова, уште потешки прокуди.“ Како Рацина пророчки да го предвидувал денешното време! Како што го предвиде и нобеловецот Иво Андриќ ова време кога запиша дека: „Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а сиромашниот ќе се обогати
ЗА ОТВОРЕНИ И СЛОБОДОУМНИ УМОВИ.