Skip to main content

Posts

Showing posts from 2015

Држава без младина нема иднина!

Низ процесот на образование, потребно е сите млади луѓе да се едуцираат, но и да се насочат критички да размислуваат во врска со било кое прашање и во било која општествена или научна област. Само на тој начин се создаваат здраворазумни млади луѓе кои за неколку години ќе го преземат приматот на моќна сила во општеството. Генерации кои треба да бидат иднина на оваа држава. Но, доколку институциите на системот се однесуваат игнорантски кон нив се поставува прашањето дали воопшто овие генерации на млади луѓе би останале да живеат во Република Македонија? И ако пред неколку години (од едно спроведено истражување беше констатирано дека) дури 90% од младите луѓе се изјасниле дека својата иднина не ја гледаат во оваа држава, тогаш евидентно е дека имаме тотална ерозија на системот. Сето ова е погубно за младите луѓе и за нашата држава, бидејќи држава без младина нема иднина! Минатава недела средношколците од неколку средни училишта, незадоволни од состојбите во средното образование, решиј

Со тестови не се врши реформа во образованието

Во 1976 година социјалниот психолог, истражувач во експерименталните општествени науки и автор на многу дела од областа на истражувачката методологија, Доналд Т. Кембел го објавил т.н. Закон на Кембел. Според овој закон кога мерењето станува цел сама по себе, тогаш тоа престанува да биде добрa мерка. Или, кажано со други зборови, кога луѓето ги принудувате да постигнат одредена бројка, тогаш таа бројка ќе стане нивна единствена цел и опсесија. Во општествените науки законот на Кембел се користи за да укаже на негативните последици од т.н. тестови каде влоговите се големи (тоа се сите оние тестови кои имаат значајни последици врз тестираното лице, на пример: полагањето за добивање на возачка дозвола, полагањето за добивање на лиценца за работа и сл.). Ова е во случаите кога целосната содржина на тестовите е фокусирана единствено кон подготвување на учениците/студентите само за полагање на стандардизиран тест, а нивниот емотивен, социјален, морален и креативен развој воопшто не се зе

Студентска еволуција

Сезар Чавес запишал: “Студентите треба да имаат иницијативи, не треба да бидат обични имитатори. Тие треба да научат да мислат и да дејствуваат за самите себе - и да бидат слободни.“ Во изминативе две години пишував за студентската неорганизираност, за незаинтересираноста за промени, за конфирмизмот којшто владее кај младите луѓе и за апатијата која стана наше секојдневие. Овие негативни особини долго беа карактеристични за македонските студенти. А сега со гордост можам да кажам дека студентите созреаја, во нивните ментални матрици еволуираше свеста за колективното и навестија дека се спремни да се борат за своите права! Причина, се разбира, беше најавувањето на т.н. „екстерно тестирање“ (кое премина во т.н. „државен испит“). Но, според мене, причините се подлабоки и посуштински. Имено, високото образование одамна изгуби од својот квалитет. Отворањето на ефтините државни дисперзирани факултети значително го намали квалитетот на знаење што секој студент би требало да го сте