Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2013

Студентска (не)организираност

Колку пати за време на нашето студирање сме се соочиле со професори кои што кон нас настапувале од позиција на моќ и авторитет и се однесувале недолично за функцијата што ја извршуваат и за позицијата на која се наоѓаат? Колку пати нашите права како студенти биле повредени? Колку пати сме се запрашале дали постои некој механизам за заштита на нашите права и интереси? Колку пати сме добиле таква заштита? Овој текст го насловив студентска (не)организираност заради две причини. Првата причина е тоа што ние студентите сме апсолутно неорганизирани, но и незаинтересирани за нашата положба и улога во системот на високото образование. Воопшто не ни е важно дали постои студентска организација, дали постои заштита на студентите кога нашите права се загрозени или прекршени, дали одредено однесување на професорите ги преминува границите на односот студент – професор и како ние како студенти да се заштитиме себе си и нашите права? Втората причина, пак, е поврзана со првата, односно следствено