Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2019

Владеењето на правото: политичка реторика или нужност за демократски развој?

Живееме во време во кое ниту граѓаните, ниту медиумите не посветуваат доволно внимание на вистинските проблеми и приказни. И на медиумите и на луѓето им е многу полесно да најдат и да пласираат во јавноста теми кои предизвикуваат гнев, презир и револт кај широките народни маси. Интересно е што овој гнев, презир и револт, повторно преку медиумите се пренесува и кај јавноста се создава чувство на беспомошност и страв. На овој начин, се оттргнува вниманието на граѓаните од реалните секојдневни проблеми и предизвици, а им се наметнуваат контролирани информации. Политичките партии во најголема мера допринесуваат за создавање на клима во која ќе владее страв, апатија и чувство на лична несигурност кај широките народни маси. Наместо програми за работа и развој на општествената заедница и на државата како целина, тие како да се посветени на креирање популистички методи со помош на кои се оттргнува вниманието на народот од реалните егзистенцијални проблеми. Поради тоа, народот ја изгуби ве