Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2013

Младите помеѓу стравот и самопочитта

Јас им велам на младите луѓе: Не мислете на себе, мислете на другите. Размислувајте за иднината што ве очекува, мислете за она што можете да го направите и не плашете се од ништо. Оваа мисла (во мој слободен превод) кажана од неврологот Rita Levi-Montalcini, добитничка на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1986 година, ми беше поттик да пишувањето на овој текст.  Веднаш си го поставив прашањето за тоа каде сме ние младите луѓе во ова наше општество? Дали ние се изгубивме на патот по кој одевме за да постигнеме некоја цел и да станеме некој и нешто? Велат дека денес ние младите луѓе сме биле како пешачки премин – се газиме меѓусебно само за да ја преминеме улицата! Улицата би требало да ја симболизира целта што сакаме да ја постигнеме(?). Лесно и без размислување ја прифативме Макијавеловата дека „целта ги оправдува средствата“? Погазувањето на единственото што нас не разликува од животните е оправдано доколку ги постигнеме своите егоистични цели?  Нема д

Вредноста на образованието

Дали ќе се согласиме со Плутарх дека вредноста на образованието не се мери по бројот на прочитаните книги, туку по нивната употреба во животот? Во текот на целиот образовен процес сме прочитале стотици и стотици учебници и книги, но колку од сето она што сме го прочитале останало во нашето сеќавање и се врежало во нашите глави? Многу малку? Да, се согласувам. А ни велеа само да читаме, бидејќи сетоа тоа би ни било потребно еден ден во животот. Ни велеа дека сите тие информации ќе ни бидат корисни. Во текот на нашето образование ние се стекнавме со многу познавања, информации и вештини, но за жал, сосема мал дел од истите можеме да ги искористиме во понатамошниот животен век. Сепак, како и да е, за време на нашиот живот поминуваме низ два (паралелни) процеси или фази на учење. Тоа се формалното и неформалното образование. Формалното образование е образованието што го добиваме додека седиме во училишните клупи. Сето она што го стекнуваме како знаење и искуство надвор од училишта