Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2020

Мирослав Крлежа: За човечката глупост

Мирослав Крлежа бил еден од највлијателните југословенски интелектуалци. Тој е хрватски писател кој со својата проникливост и интересен начин на опишување, многу лесно и интересно опишува општествени појави. Во својот есеј „За човечката глупост“ тој дава одлично и остроумно излагање на она што тој го смета за човечка глупост. На моменти длабоко и филозофски, на моменти духовито и шеговито, тој ја анализира човечката глупост која може да се појави во различни форми и текстот е толку добар, што ве уверувам дека ќе добиете чувство дека голем дел од споредбите и описите се напишани вчера. Со оглед на тоа дека се работи за подолг текст, решив да го поделам во два дела и да го објавам во период од два дена. Во продолжение уживајте во овој текст исто онолку колку што и јас уживав додека го преведував. Навечер, во интимен, полугласен разговор со самиот себеси, никако не можам всушност логички да го оправдам тоа што во последно време толку се вознемирувам заради глупостите на луѓето. Кога т

Пандемијата може да биде кризата која му е потребна на либерализмот

Светот можеби достигнува опасна точка на пропаѓање на либерализмот. Според последните извештаи на „Фридом хаус“, во текот на последните 15 години, уделот на неслободните земји во светот се зголеми, додека уделот на слободни земји се намали. Денес, владините дефицити се зголемуваат како одговор на барањето на јавноста за интервенција за да се ублажи економското влијание на пандемијата на коронавирусот, а некои предупредуваат дека авторитарните лидери ја користат можноста за да ја засилат својата контрола. Сепак, ова може да биде време на нов подем на либерализмот, а не на негов пад. Нова студија на економистите на Светска банка, врз основа на податоци од 190 економии во последните 15 години, открива дека фискалните кризи, какви што создаде пандемијата во земјите во светот, веројатно ќе поттикнат либерални реформи, особено во економската политика во сферите на имотот, инвестициите и трговијата. Како ќе дејствуваат либералните поддржувачи на оваа искра надеж ќе биде клучно. Напорите по Ст

Моќта е јасно ставена во прашање секогаш кога се појавува срамот

Која е економската иднина на државите после кризата?

Кризата што доаѓа не е од здравствена, туку од економска природа. Замавот на крилата на лилјакот, кој без сомнеж дојде на пазарот во Вухан, се прошири следејќи ги пукнатините на глобалниот либерален капитализам, кој веќе четириесет години ги шири своите „ланци со вредности“ преку ветените сламови на џиновските профити: финансиски преземања, конкуренција која е „слободна и непречена“ од трошоците на производството, принципот „во вистински момент“, ЛЕАН менаџментот, грабежот на природните ресурси, планираната застареност, намалувањето на бројот маски и кревети во болниците, мерките за штедење. Штотуку ги видовме знаците на кризата, а економистите веќе се прашуваат: кој и како ќе го плати ова? Припадниците на ова занимање, чиј насушен леб се прави од квасец кој се крева на самото споменување на „плаќањето“ не можеа да ја пропуштат приликата за да го постават ова клучно прашање. Додуша, овој пат не можеме да им замериме за тоа. Во суштина се работи за една од главните недоумици поврзани со