Skip to main content

Posts

Showing posts with the label СЗО

Што носи корона кризата?

Надежите се топат една по друга Првата исчезна со веројатноста дека САРС-КоВ-2 има сезонски карактер, втората дека топлото време ќе ја ублажи пандемијата… Понатаму, увереноста на јавноста дека науката има способност за инстант разоткривање и решавање на вирусот, исто така, брзо се покажа како погрешна. Но, едно нешто што пречесто се нагласува, а тоа е „мантрата“ дека треба изодување подолг пат (години, дури и децении) до пронаоѓање ефикасна и безбедна вакцина и лекови. За тоа постојат неколку причини. Прва од нив е користа, која на полето на владеење во услови на економија на постојан шок и пресија (а сега се гради токму таква економија) пандемијата им ја носи на политичките и стопанските елити. Втората причина е идентична со инструментите на нафтениот бизнис. Цената на нафтата се регулира со количеството нејзино производство – со намалување на производството цената на светскиот пазар расте, а со негово зголемување, таа паѓа. Одлуката за тоа кога цената ќе расте, а кога ќе паѓа не зави...