Skip to main content

За Европа и европското

Повторно корпа од Европа! „Блудницата од Вавилон“, како што ја нарекуваат, ни удри елегантна корпа в лице! Ама ако, сами си ја баравме! А што си баравме, тоа и си добивме... Оваа дама не сака да ни даде ниту датум за датум за состанок, а не пак да сака да бидеме заедно. Ние сме отворени 24/7 за Европа и правиме сѐ за да ја задоволиме оваа дама, а таа толку грубо и дрско се однесува со нас! Срамота! 

Ама имало и трета страна што се мешала во нашата врска! Некој сосед... Или, поточно речено неколку соседи биле во прашање? Излезе дека сите се против нашата врска?! Балкански сапуници! Тоа не ни пречи нам, или само ја јакни нашата желба за да бидеме заедно?! 

Ако ние сакаме да воспоставиме врска со неа, тогаш зошто комшијата има привилегии во тој однос? Затоа што подобро се познаваат? Затоа што се во подобри односи? Па, чуму ни тогаш потреба за да воспоставиме врска? Или врската во овој случај е нужно зло?! 

Ајде да не создаваме политика базирана на емоции! Ајде да видиме со отворени очи како стојат реално работите! 

Нашите соседи креираат неофашистички партии кои функционираат на ултранационална фреквенција и кои генерираат лаги, манипулации и насилство врз својот народ! Нашите соседи шират верски и национални омрази! Ги уриваат принципите на добрососедство, на взаемна соработка и почитување! А што прави ЕУ? Ги финансира тие држави? Да! А за да биде парадоксот уште поголем таа Европска Унија се закити со Нобеловата награда за мир! Се прашувам каков е придонесот на златнозорскиот сосед за освојувањето на оваа (некогаш) престижна награда?! 

Каде во оваа приказна е „неевропска“ Македонија? Таа е таму каде што се почитуваат различните националности, каде што се проповеда верска толеранција и меѓусебно почитување, таму каде што се нудат културните богатства, каде што луѓето од разни етноси, вери и култури со векови живеат заедно и си помагаат едни со други! 
Јас сакам Македонија која нема да потклекнува и да подлегнува на секојдневните притисоци, уцени и ниски удари од нејзините соседи! Сакам Македонија која ќе продолжи со внатрешните реформи и која ќе изгради силна правна држава со доследно почитување на правото и правните прописи! Сакам Македонија со стабилна економија, со стапка на одржлив развој и перманентен раст на БДП. 

Звучам песимистички? Зборувам во негативен контекст? Да, ама ајде да видеме за каква Европа сме! Ајде да видиме со кој сакаме да воспоставиме врска! 

Јас сакам Европа во која вредностите, како што се рамноправност, недискриминација, различности и слични принципи, ќе бидат почитувани, а нема да стојат само како мртво слово на хартија. Сакам Европа во која ќе се чувствувам слободен. Сакам Европа каде што ќе бидам граѓанин од прв ред, а не Европа во која ќе бидам омаловажуван затоа што сум различен од нив. Точна е мислата што ја кажуваат постарите, дека во странство секогаш ќе бидеш странец. 

Не сакам Европа во која ќе имам само должности, но не и права! Несакам Европа во која ќе ми наредуваат само што треба да правам, кој и што да почитувам!

Ајде да ја возобновиме идејата за Европа! Ајде да создадеме силен и сигурен заеднички дом, дом кој сите ќе го чувствуваме за свој! Обединети во различностите, беше мотото на ЕУ, нели? Ајде да го оставриме и во пракса! 

Што има Европа да понуди, а го немаме ние?! Создаваме квалитетно образование, ајде да го направиме функционално! Донесуваме закони со европско знаменце, ајде да ги имплементираме и во пракса! Вршиме хармонизација на нашето законодавство, ајде и да го почитуваме! Пропишуваме европски вредности, а не умееме да ги цениме ниту своите! 

Во Европа не се влегува, Европа и европските вредности треба да се прифатат, да се градат и да се гаат! Ајде да ја создадеме Европа во Македонија! А потоа, и Европа ќе нѐ сака како нејзин составен дел, бидејќи и ние сме дел од таа Европа, дел од тој дом! 

Автор: Илија Јованов



Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот. 
(c) Copyright by Ilija Jovanov 
All rights reserved

Popular posts from this blog

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација б...

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...