Skip to main content

За поетот Рацин


Коста Апостолов Солев Рацин.

Личност која се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, автор кој пишуваше за маките и страдањата на македонскиот народ во првата половина на 20 век, за духот на индивидуалното наспроти колективното, за социјалната правда, човекот кој се занимавал и со проза и кој напишал неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика, личност за која сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, човекот кој ја напиша „Бели мугри“, а денес, години по неговата смрт, одредени личности се обидуваат да го оцрнат него и да фрлат црно петно врз неговото творештво!

Големиот поет Коста Солев Рацин ќе запише: „Времиња тешки дојдова, уште потешки прокуди.“

Како Рацина пророчки да го предвидувал денешното време!

Како што го предвиде и нобеловецот Иво Андриќ ова време кога запиша дека: „Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а сиромашниот ќе се обогати“.

Оние кои се осмелуваат да ја напаѓаат личноста која, како што запишав на почетокот, се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, нека ги прочитаат стиховите на Рацина:

„Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!“

Овие зборови секогаш нека одѕвонуваат во нашите глави!

„Секој вистински живот е убав и тежок“ ќе запише Андриќ. Затоа треба вистински да го живееме својот живот, иако знае да биде и тежок на моменти, но сепак треба да ја најдеме убавината во него. Треба да трагаме по вистината, бидејќи заразна е и разорна моќта на лагата!

Кога големиот поет беше нападнат, беше апострофирана физичката големина, односно висината на личноста а не делата на истата таа личност, па сето тоа зборува само за кризата на моралот и на вредносниот систем на условите во кои живееме.

Но, колку и да се обидува некој да фрли темна дамка на неговиот живот, Рацин ќе остане запаметен во колективната меморија на македонскиот народ, бидејќи:

„Кој умрел за татковина
и за човечки правдини -
каде вас, братко, не гинел,
со вас до векот живеел.“

На сите ни е доста од делби и поделби, потребен ни е мир и соживот! Потребно е да се свестиме и ако си ја сакаме државата да си ја зачуваме, бидејќи не само што ја добивме од нашите предци, туку треба да ја оставиме и на нашите потомци! Заветот и аманетот на нашите прадедовци, дедовци и татковци е и треба да биде наследство и за идните генерации!

Рацин порача:

„Ако куќа не направив
со високи шимпир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце - порта највисока,
срце - куќа најширока.“!


Автор: М-р Илија Јованов

Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот.

(c) Copyright by Ilija Jovanov
All rights reserved




Popular posts from this blog

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

Харари: Живееме во застрашувачка ера кога цели истории и нации можат да бидат лажирани

Во својата нова книга, „21 лекции за 21 век“, најпродаваниот автор го свртува вниманието кон проблемите со кои се соочуваме денес. Овде, тој тврди дека „лажните вести“ се многу постари од Фејсбук. Деновиве постојано ни се кажува дека живееме во нова и застрашувачка ера на „пост-вистината“, и дека лагите и фикциите се насекаде околу нас. Не е тешко да се најдат примери. Така, кон крајот на февруари 2014 година, руските специјални единици кои немаат обележја на армијата ја нападнаа Украина и окупираа клучни инсталации на Крим. Руската влада и претседателот Владимир Путин лично повеќепати негираа дека станува збор за руски трупи и ги опиша како спонтани „групи за самоодбрана“ кои можеби стекнале опрема од руски изглед од локалните продавници. Бидејќи тие го искажаа ова прилично тврдоглаво тврдење, Путин и неговите помошници добро знаеја дека лажат. Руските националисти можат да ја изразат оваа лага тврдејќи дека тоа служело за поголема вистина. Русија се занимаваше со праведна војна и...