Skip to main content

Зошто денес е важен персонализмот?

Ова е тешко и исцрпувачко време. Но исто така е точка на пресврт. Една идеалистичка генерација е во подем и копнее да го исполни духовниот вакуум кој ѝ го оставиja родителите. Опиплива е нивната желба за солидарност, за отфрлање на една индивидуалистичка култура.

Има многу луѓе и од десницата и од левицата кои ја изгубија довербата во институциите на слободата на говорот и отворената дебата - кои се основа на либералниот поредок. Тие сметаат дека слободата на говорот е само маска која ја носат елитите за да ја сочуваат својата моќ. Затоа произведуваат нешто што се нарекува „култура на откажување“, затоа мислат дека да се има став е исто што и насилството, затоа се обидуваат политички да ги уништат луѓето со кои не се сложуваат и тоа заради неколку твитови.

Го бранам либерализмот зашто мислам дека наш основен проблем се незнаењето и некомпетентноста, а не заговорот на некои елити. Светот е чудесно комплициран; на нашите системи им се неопходни реформи. Не мислам дека само еден поглед на светот може да ги сфати сите реалности или да понуди решенија.

Кога младите бараат расна еднаквост, одговорот на либерализмот е да ја штити слободата на говорот. Тие имаат сон. Либерализмот им нуди неутрален процес. И заради тоа уставот и основата на либерализмот мора да се дополни со моралноста на персонализмот.

Една од причините што Америка е толку лута е затоа што дехуманизацијата зема замав. Расизмот го сведува човечкото битие на неговата кожа.

Персонализмот е верување дека во срцето на секој успешен однос, секоја успешна организација и секое праведно општество, постои искрен и долгорочен напор да се согледа длабочината и комплексноста на секоја личност.

Персонализмот претпоставува конструкција на системи во која ја гледате и одгледувате целата личност - училишта во кои децата не се само мозоци на стапови; болници во кои пациентите не се само тела во кревети; градови во кои полицајците гледаат луѓе, а не злосторници; заедници во кои секоја личност се гледа како богата игра на меѓусебно вкрстени идентитети; економски системи кои на луѓето им даваат шанса да се остварат како креатори, како луѓе што заработуваат.

Персонализмот го проценува секој општествен аранжман според тоа колку води сметка за односите кои ги прошируваат видиците и длабочината на секоја душа. Оваа одвратна година можеби ќе се искупи ако успееме да ја завршиме со чувство на заедничка моралност и ако ја започнеме тешката работа за реформирање на сите наши институции со цел да ја следат таа моралност.

Автор: Дејвид Брукс

Извор: New York Times/International Report



Comments

Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

МЕРИТОКРАТСКА ЕРОЗИЈА

Во секое општество постои момент кога компетентноста престанува да биде предност, а незнаењето станува привилегија. Кај нас, тој момент одамна е надминат. Денес, функционално некомпетентните не се случаен пропуст, туку последица на подлабок процес: системско разградување на стручноста, каде лојалноста значи повеќе од знаењето, а просечноста има поголема шанса да биде наградена од извонредноста. Оваа појава - меритократска ерозија - не започнува драматично. Таа тивко се вгнездува во институциите преку „привремени“ решенија, импровизирани кадровски избори и нормализирање на нестручноста како „флексибилност“. Но, кога еднаш ќе се утврди, постанува правило. А кога просечноста ќе стане норма, тогаш проблем не се поединечните грешки - проблем е системот кој ги произведува. Посебно е забележлива таму каде што треба да биде најмалку видлива: во јавниот сектор и правосудството. Кога на позиции од јавен интерес се поставуваат луѓе без основни знаења, без аналитичка дисциплина, без професионални ...