Skip to main content

Довербата е клучниот услов за постоење на соживот

Генераторот на секојдневните инциденти кои се случуваат во Република Македонија е потхрануван од многубројни фактори. Овие фактори се од политичка, економска и пошироко општествена природа. Политиката која се води е причина за сè поголемата поделеност, како на партиска, така и на национална основа. Од секојдневните партиски говори, изјави и прес конференции, само се потпалува и поттикнува етничката и верската нетрпеливост и нетолерантност. Сиромаштијата, невработеноста и социјалната беда на граѓаните се само дел од причините кои ја сочинуваат економската природа на кризата. Мерењето на довербата на граѓаните во институциите на системот, само нѝ покажува дека истата е или минорна или не постои, што пак е индикатор за севкупната криза во социјабилитетот. 

Случувањата кои (за жал) нѝ се секојдневие, нѝ покажуваат дека во самото општество имаме и тоа како сериозни работи на кои е потребно да работиме заедно! Одговорно тврдам дека е подобро тие да се спречат, отколку последиците од нив да се лекуваат. Самите ние, како индивудуи на ова наше општество, имаме одговорност и задача за случувањата во државата, како на општествено – политички, така и на меѓуетнички и меѓуверски план! Не треба да дозволиме да бидеме манипулирани од партиските центри на моќ и од нивните „прикриени“ послушници во медиумите. Партиите доаѓаат и си заминуваат од власт, исто и политичарите, но ние граѓаните ќе треба да останеме да живееме заедно едни со други. Нема иднина она општество во кое индивидуите или поедини групи живеаат во паралелни светови. Познато ни е дека паралелите не се допираат меѓусебно, но живеењето во паралелни светови е пресериозен индикатор кој ја генерира поделеноста и отуѓеноста меѓу луѓето. 

Политичарите треба да се вратат на својата примарна улога и задача, која изгледа дека ја подзаборавиле, а таа е да се грижат за иднината на државата во целост, а не да се занимаваат со партиски препукувања за да соберат ситни политички поени. Кога е во прашање судбината на сите граѓани на една држава не смее да има несериозни испади на било кој од политичарите, кој ќе заборави на сè и на сите, заради остварување на лични или малубројни интереси и цели! 

Да се вратиме на градењето на доверба помеѓу сите нас! Таа е највредната работа, бидејќи ако еднаш ја изгубиме, тешко дека ќе успееме да ја возобновиме повторно. Довербата е клучниот услов за постоење на соживот. Да научиме од минатото и историјата, да научиме од моментите кои заеднички ги поминавме овде, на овие простори! Премногу тага, солзи и крв стојат зад нас како споменик – незаборавник на нашата заедничка историја! 

Доколку се продолжи со инциденти и тензии, предизвикани од било кој, ќе нѝ се случи ерупција на артикулираните незадоволства, кои ќе бидат само увертира во многу посериозни работи! 

Затоа мојата порака е да живееме еден со друг, а не еден покрај друг! Во очите на луѓето да ја бараме човечноста, а не во нивниот надворешен изглед! Да се почитуваме меѓусебно! 


Автор: Илија Јованов




Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот. 
(c) Copyright by Ilija Jovanov 
All rights Reserved

Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...