Ова е тешко и исцрпувачко време. Но исто така е точка на пресврт. Една идеалистичка генерација е во подем и копнее да го исполни духовниот вакуум кој ѝ го оставиja родителите. Опиплива е нивната желба за солидарност, за отфрлање на една индивидуалистичка култура. Има многу луѓе и од десницата и од левицата кои ја изгубија довербата во институциите на слободата на говорот и отворената дебата - кои се основа на либералниот поредок. Тие сметаат дека слободата на говорот е само маска која ја носат елитите за да ја сочуваат својата моќ. Затоа произведуваат нешто што се нарекува „култура на откажување“, затоа мислат дека да се има став е исто што и насилството, затоа се обидуваат политички да ги уништат луѓето со кои не се сложуваат и тоа заради неколку твитови. Го бранам либерализмот зашто мислам дека наш основен проблем се незнаењето и некомпетентноста, а не заговорот на некои елити. Светот е чудесно комплициран; на нашите системи им се неопходни реформи. Не мислам дека само еден поглед на...
ЗА ОТВОРЕНИ И СЛОБОДОУМНИ УМОВИ.