Skip to main content

Каде одиме со образованието?!

На сите нас нѝ е добро позната реченицата: „Држава со ваква младина не треба да се грижи за својата иднина“. А сме се запрашале дали тоа може да се каже за денешнава младина? Дали тоа важи и за денешните млади генерации? За оние во кои што и јас самиот спаѓам. 

По мас - медиумите секојдневно (а посебно во летниот период) нѐ „бомбардираат“ со кампањите за запишување на факултет и за студирање (на техничките науки, се разбира). Во последниве неколку години, повеќе од 90% од матурантите во земјава одлучуваат своето образование да го продолжат на некоја од високо образовните установи. Уписната политика во Република Македонија е таква што речиси секој може да се запише на факултет и да студира. Во изминативе години се отворија нови високо образовани установи, постојаните се проширија со дисперзирани одделенија, се зголеми квотата за запишување на студенти, така што сега имаме повеќе слободни места, отколку завршени срeдношколци.

Нејсе. Европа нѝ забележуваше дека имаме низок просек на високо образован кадар и дека тој процент мораме да го зголемиме! А тоа е Европа, нема играчки со неа, за да нема плачки! И што направивме ние? Се разбира дека најдобронамерно ги сфативме нејзините забелешки и го решивме и тој проблем. Отворивме високо образовни институции на секој чекор, дури од тинк – тенк организација направивме Универзитет (да не ти се верува, нели?), ама им покажавме дека сме послушни (впрочем, како и секогаш). Сега од толку многу дипломирани студенти можеме да им извезуваме и на нив во Европа! Шала настрана, ЕУ имала план и цел до 2020 година, 40% од населението да има диплома за завршено високо образование. Мене ми е страв да не сме ние преамбициозни, па да го надминеме сериозно овој праг?! Оти како почнавме... 

Во Република Македонија огромен е бројот на високо образовен кадар кој што излегува на пазарот на трудот. А пазарот на труд не може да го апсорбира соодветно тој број. Реално имаме повеќе дипломи, ама помалку квалитет. Имаме повеќе факултети, ама помалку знаење. Во право се со кампањиве дека нѝ се потребни дипломци од областа на техничките науки, но се сеќава ли некој дека зад нас (не)одамна оставивме еден период и многу студенти кои дипломираа на факултетите од областа на техничките науки, а никогаш не се вработија според својата струка? Станува збор за генерациите на нашите родители, роднини и малку повозрасни пријатели. Некои од нив никогаш во текот на својот живот не добија шанса да работат според степенот на своето образование. Е сега, велат, времињата се сменети, па нѝ се потребни такви стручни лица. Јас ќе се согласам дека постои голем дисбаланс помеѓу бројот на запишани студенти на факултетите од областа на општествените науки, со оние на техничките науки. Но, не смееме во никој случај само согледувајќи го овој податок да ја правиме нашата стратегија за високото образование. Ако децата се нашето најголемо богатство, тогаш образованието е една од најодговорните работи! Затоа не играјте си со него! Во образованието долгорочно се планира, а не се работи од денес за утре. Тоа може само да го уништи и образованието и животите на многу млади луѓе! 

Експертите отворено укажуваат на тоа дека во нашата држава немаме сериозна стратегија за развој на индустријата и на индустриските капацитети. Најпрво треба тоа да се направи, па потоа секако дека ќе се зголеми бројот на запишани студенти на факултетите за технички науки. Ако младите луѓе знаат дека кога ќе дипломираат ќе имаат каде да најдат работа, тие ќе студираат. А ако продолжиме вака како досега нема ништо да постигнеме. Барем ништо добро. 

Немањето доволно просторни услови за непречено одвивање на наставниот процес, немањето доволно подмладок на наставниот кадар, заминувањето на најдобрите студенти надвор од државата се другите проблеми што се присутни секојдневно во високото образование, но за тоа ќе пишувам во некоја наредна прилика. 

За да не бидам погрешно протолкуван, јас немам ништо против тоа секој млад човек да се запише на факултет и да го студира тоа што тој навистина го сака, но ќе се согласам целосно со изјавата на професор д-р Аристотел Тентов од ФЕИТ (дадена неодамна) дека: „не секој средношколец има капацитет да заврши факултет“. 

Автор: Илија Јованов



Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот.
(c) Copyright by Ilija Jovanov
All rights reserved

Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

МЕРИТОКРАТСКА ЕРОЗИЈА

Во секое општество постои момент кога компетентноста престанува да биде предност, а незнаењето станува привилегија. Кај нас, тој момент одамна е надминат. Денес, функционално некомпетентните не се случаен пропуст, туку последица на подлабок процес: системско разградување на стручноста, каде лојалноста значи повеќе од знаењето, а просечноста има поголема шанса да биде наградена од извонредноста. Оваа појава - меритократска ерозија - не започнува драматично. Таа тивко се вгнездува во институциите преку „привремени“ решенија, импровизирани кадровски избори и нормализирање на нестручноста како „флексибилност“. Но, кога еднаш ќе се утврди, постанува правило. А кога просечноста ќе стане норма, тогаш проблем не се поединечните грешки - проблем е системот кој ги произведува. Посебно е забележлива таму каде што треба да биде најмалку видлива: во јавниот сектор и правосудството. Кога на позиции од јавен интерес се поставуваат луѓе без основни знаења, без аналитичка дисциплина, без професионални ...