Skip to main content

Како со позитивни мисли да ги зголемите шансите за среќа и напредок во животот?

„Тажните времиња нè подобруваат и нè водат кон доброто, додека добрите времиња ни го покажуваат изобилството од можности и ни ги нудат благодетите што треба да ги цениме. Исто така, сфатив дека ништо што е премногу добро или премногу лошо не трае долго.“
~ Робин Шарма


Овој текст го започнав со цитат од еден од денешните најпопуларни автори и мотивациони говорници Робин Шарма. Овој цитат можете да го препрочитате неколку пати и секогаш ќе ја согледувате неговата длабочина. 

Според мене, не постои само среќно време, ниту, пак, само тажно време. Работите не се само црни, ниту само бели. Според Сведен Бринкман, професор по психологија на Универзитетот „Аалборг“: „Одвреме-навреме животот е прекрасен, но исто така е и трагичен. Луѓето умираат во нашите животи, ги губиме, а ако ни е дозволено да имаме само позитивни мисли, тогаш оваа реалност ќе нè погоди уште посилно. Нема ништо лошо во тоа ако некој е природен оптимист или ужива во книгите за самопомош.“

Секој од нас се стреми за успех, за среќа, за материјално богатство, за моќ... Меѓутоа никој не работи на духовноста, на човечноста. Да се биде подобар и похуман човек, а не побогат и помоќен.

Имено, богатството кое го поседуваат „среќните луѓе“ не е предуслов за среќа, тие станале среќни затоа што размислуваат поинаку и преземаат одредени дејства. Дали некогаш сте погледнале некој и сте помислиле: „Тој е таков среќник, има пари, има долга и среќна врска, има супер работа. Ех, колку сакам и мене да ми одеше така во животот!“

Признајте си самите колку пати вакви мисли ви поминале низ глава. Вие мислите дека не сте имале толку среќа затоа што можеби не сте родени под среќна ѕвезда. Но, тоа всушност не е така.

Секогаш треба да имаме на ум, дека секаде во светот постојат личности за кои сето богатство на овој свет е безвредно, бидејќи тие немаат здравје или време да уживаат во него. Мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и безвременски луѓе.

Големиот југословенски новелист, писател и добитник на Нобелова награда за литература во 1961 година Иво Андриќ мудро ќе забележи дека: „Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку ни недостасува.“

Ова се дел од причините зошто некои луѓе имаат среќа во животот, а некои не.

Среќните луѓе работат напорно и не се фалат за своите постигнувања. Своите успеси не ги објавуваат на секој чекор. Не ги користат социјалните мрежи за некакво истакнување, затоа што се зафатени со работа.

Среќните луѓе се опкружени со позитивни луѓе во своето секојдневие. Животот и онака е доволно тежок, па не ни се потребни и негативни луѓе кои само дополнително ќе го отежнуваат животот. Среќните луѓе знаат дека негативната енергија нема моќ врз вас доколку сте успешно фокусирани на вашите дневни активности. Иако секогаш ќе има ситуации кои лесно ќе можат да ве дефокусираат во вашите цели и активности, станете сконцентрирани на тоа што сакате да го постигнете и не дозволувајте да ви попречат во вашите активности.

Среќните луѓе секој ден го започнуваат со позитивни мисли. Тие знаат дека секој нов ден е нов предизвик. Никогаш не знаеме што може да ни донесе, но секогаш може да го пречекаме со отворено срце, верба, надеж и стремеж да го живееме најдобро што можеме. Тие секогаш ги бираат вистинските зборови и дела. За да ги оствариме своите цели, неопходно е да бидеме водени и стимулирани од позитивните мисли.

Среќните луѓе не се оптоваруваат со негативни мисли. Тие едноставно размислуваат за работите кои им се важни. Негативните мисли се најголем непријател на внатрешниот мир на секој човек. Преокупирајќи се со негативни мисли, ние всушност дозволуваме песимизмот, несигурноста и стравот да го зафатат нашето битие, а со самото тоа максимално ги намалуваме шансите за среќа и успех во животот. Со негативни мисли, го активираме негативното во себе и така стануваме приемници на неубавите нешта.

Среќните луѓе имаат јасна цел во својот живот. Тие сакаат на своите деца да им овозможат повеќе отколку што имале тие, подобри услови за растење од условите кои тие ги имале. Тие имаат магнет кој ги привлекува кон нивната цел.

Среќните луѓе ја прифаќаат секоја ситуација во животот. Тие никогаш не велат: „Моментално е лошо“, тие велат: „Секогаш е добро, тука и сега.“ Тие знаат дека идеалното време никогаш нема да дојде, сè додека самите не го изградат својот пат.

Среќните луѓе не им придаваат важност на луѓето кои постојано критикуваат. Тие не сакаат такви луѓе во своето опкружување. Среќните луѓе немаат време, за љубомора и омраза. Немаат време да одговараат на злобни коментари, среќните луѓе се смешкаат и продолжуваат да одат со крената глава.

Среќните луѓе повеќе чувствуваат отколку што мислат. Тоа е факт. Често се водат според својот внатрешен инстинкт и работите ги прават според своето внатешно чувство. И кога ќе се најдат во тешки околности, немаат проблем со тоа да одберат дали ќе го послушаат својот разум или срце. Среќните луѓе секогаш се водат според срцето.

Среќните луѓе се фокусираат на целта, а не на планот. Планот може да се промени. И најдобриот план може да се расипе, но целта – никогаш.

Среќните луѓе не живеат во минатото. Тие се фокусираат на сегашниот момент, ги насочуваат своите напори на она што можат сега да го контролираат. Не се грижат за она што било или што ќе биде.

Среќните луѓе веруваат во самите себе. Тие не се арогантни луѓе. Тие мислат дека сите ја поседуваат таа внатрешна сила.

Среќните луѓе знаат дека патот до успехот не е секогаш само рамна линија. Тие знаат дека патот до успехот е всушност еден вид на амплитуда со постојани подеми и падови.

Среќните луѓе знаат дека многу од проблемите со кои се соочуваме, всушност се само нашите мисли. Д-р Зоран Крстевски во еден свој текст ќе запише дека: „Кога човекот ќе одлучи да ги контролира своите мисли, тој е на пат да владее со себе. Нашите мисли обично не контролираат нас и придонесуваат да се чувствуваме убаво, позитивно и исполнето или негативно, напнато и дисхармонично.“ Тој смета дека: „Негативното размислување е најголемиот непријател на внатрешниот мир. Кога се преокупираме со неубавите нешта и дозволуваме песимизмот, несигурноста и стравот да го зафатат нашето битие, максимално ги намалуваме шансите за среќа и напредок во животот.“

Среќните луѓе се однесуваат кон животот на еден поинаков начин. Тие знаат дека животот е подарок и благодарни се на сè што им носи животот.


Подготвил: Илија Јованов


Popular posts from this blog

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација беше

Мирослав Крлежа: За човечката глупост

Мирослав Крлежа бил еден од највлијателните југословенски интелектуалци. Тој е хрватски писател кој со својата проникливост и интересен начин на опишување, многу лесно и интересно опишува општествени појави. Во својот есеј „За човечката глупост“ тој дава одлично и остроумно излагање на она што тој го смета за човечка глупост. На моменти длабоко и филозофски, на моменти духовито и шеговито, тој ја анализира човечката глупост која може да се појави во различни форми и текстот е толку добар, што ве уверувам дека ќе добиете чувство дека голем дел од споредбите и описите се напишани вчера. Со оглед на тоа дека се работи за подолг текст, решив да го поделам во два дела и да го објавам во период од два дена. Во продолжение уживајте во овој текст исто онолку колку што и јас уживав додека го преведував. Навечер, во интимен, полугласен разговор со самиот себеси, никако не можам всушност логички да го оправдам тоа што во последно време толку се вознемирувам заради глупостите на луѓето. Кога т