Skip to main content

Иднината на државата е во младите луѓе!

Се наоѓаме во период на изборна еуфорија во нашата држава. Секојдневните политички пораки кои политичарите си ги упатуваат меѓусебно, но и до народот нема да најдат простор во оваа колумна. Зошто? Затоа што ние младите луѓе се споменуваме само кога е потребна бројка за да се оствари изборна победа! За проблемите со кои секојдневно се соочуваме, нема слух ниту воља за решавање!



Во македонското општество постои погрешна перцепција за политиката и за политичките партии. Не постои општество во светот во кое толку многу политиката е навлезена во него, како ова нашево. На телевизија, на радио, во печатените и во електронските медиуми, насекаде околу нас и секојдневно – наголемо и нашироко се пишува и се зборува за политика. Вистински опиум за народот!

Кога во општеството владее атмосфера на сеприсутност на политиката во нашите животи и во нашето (потесно или пошироко) опкружување, невозможно е да се остане без коментар за ставовите на политичарите и да не се вклучи широката народна маса во ваквите дискусии. Секогаш има простор за дискусија кога е во прашање политиката.

Зачленувањето во политичка партија во нашата државата најчесто оди по два критериуми: семејна линија (традиција) и од личен интерес. На партиите се гледа како на начин за најлесно вработување. Во партиите наместо да се цени и вреднува изнесувањето на лични размислувања и ставови на членовите и симпатизерите, се цени слепото подржување на идеалите на самата партија. Ретко кој од членовите на партиите добро ја разбира партиската идеологија (ако истата постои и фактички, а не само декларативно во статутите на партиите), но и политиката во поширока смисла на зборот. Ретко кој од членовите на партиите се интересира за идеалите, за општествената добробит, за заедничкиот напредок, за подобра иднина. Секаде надвладува личниот интерес и користа само за себе. Младите луѓе им служат на партиите само како марионети корисни за остварување на партиските цели и активности и како бројки потребни за постигнување на подобар резултат на изборите. Ова е вистината, а дали младите луѓе ја согледуваат или не, останува на секој поединечно. Но, сѐ додека партиската книшка е повредна од универзитетската диплома не вреди да се разговара за општествениот напредок!

Можеме да согледаме дека во нашата држава владее општа апатија, чувство на разочараност, безнадежност и депресивност (претежно) кај младата популација. Заминувањето од државата, за жал, постана наше секојдневие. Некои податоци укажуваат на тоа дека најголем дел од младите луѓе кои си заминуваат од државата се на возраст до 30 години. Со ова директно се намалува продуктивноста, нашата индустрија тешко наоѓа млади и квалификувани кадри, односно целокупниот стопански сектор губи во сите свои домени.

Голем е бројот на млади луѓе кои заминуваат од државата веднаш по своето дипломирање, а подоцна во странство се стекнуваат со потребните вештини и знаења и засекогаш остануваат надвор од Македонија. Секоја година, за жал, полека но сигурно се зголемува бројот на македонски иселеници насекаде во светот. Таму некаде, далеку од својата родна земја, тие се опкружени со едни поинакви културни и општествени вредности и навики, но им се нудат можности за секојдневно напредување и докажување.

Сѐ додека паметните, успешните и работливите луѓе се маргинализирани и едноставно не им се нудат услови за да се докажуваат и да успеваат внатре во својата држава, тие ќе одлучуваат да си заминуваат надвор од неа. Образованите и храбрите млади луѓе заминуваат онаму каде што ќе можат да ги остваруваат своите соништа.

Се плашам дека ако од една страна младите, а од друга страна одговорните во државата, продолжиме по истиот пат по кој чекоревме како и досега, ќе можеме слободно да се збогуваме од епитетот слободоумни личности кои се моќна и независна сила во општеството, а државата од својата иднина и перспективност. Ние младите луѓе, заедно со државата и нејзините институции на системот, мораме да започнеме заеднички да работиме во планирањето и остварувањето на работите кои ни се од заеднички интерес. За државата вложувањето во младите луѓе е вложување во сопствената иднина!

Сите треба заеднички да се избориме за остварување на сонот за подобра иднина за нас како млади луѓе во оваа држава во која сите би останале и би работеле за нејзиниот просперитет. Заеднички мораме да ги создадеме условите за работа и напредок. Јас верувам во подобра и посветла иднина на сите млади луѓе во Македонија. Јас имам надеж дека подобра иднина ќе дојде за сите нас. Меѓутоа со останување во државата, со многу работа и со вложување и во себе и во заедничката иднина!



Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот.

(c) Copyright by Ilija Jovanov

All rights reserved


Popular posts from this blog

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

Харари: Живееме во застрашувачка ера кога цели истории и нации можат да бидат лажирани

Во својата нова книга, „21 лекции за 21 век“, најпродаваниот автор го свртува вниманието кон проблемите со кои се соочуваме денес. Овде, тој тврди дека „лажните вести“ се многу постари од Фејсбук. Деновиве постојано ни се кажува дека живееме во нова и застрашувачка ера на „пост-вистината“, и дека лагите и фикциите се насекаде околу нас. Не е тешко да се најдат примери. Така, кон крајот на февруари 2014 година, руските специјални единици кои немаат обележја на армијата ја нападнаа Украина и окупираа клучни инсталации на Крим. Руската влада и претседателот Владимир Путин лично повеќепати негираа дека станува збор за руски трупи и ги опиша како спонтани „групи за самоодбрана“ кои можеби стекнале опрема од руски изглед од локалните продавници. Бидејќи тие го искажаа ова прилично тврдоглаво тврдење, Путин и неговите помошници добро знаеја дека лажат. Руските националисти можат да ја изразат оваа лага тврдејќи дека тоа служело за поголема вистина. Русија се занимаваше со праведна војна и...