Skip to main content

Младата милениумска генерација и пазарот на трудот

Младата милениумска генерација е генерацијата на којашто и јас припаѓам. Во оваа генерација спаѓаат лицата од 19 до 29 годишна возраст. Младите луѓе ја користат ползата од интернетот и информатичките технологии и слободно се изразуваат во тој виртуелен простор. Тие често умеат да се изразуваат и да пишуваат на одредени теми на форуми или на личните блогови. Зошто е важно да се искажува сопственото мислење и став со користење на друштвените мрежи и социјалните платформи? Бидејќи во денешно време се бара и се цени иновативност и креативност и соодветен начин како истите да се пренесат и употребат во практиката.


Често подложни на критики, а сепак вртоглаво користени во секојдневниот живот. Ова слободно би можело да се каже за друштвените мрежи. Од споделување на сопствени размислувања и ставови, преку поврзување со пријателите, па сѐ до барање работа – овие мрежи ни помагаат да ги оствариме своите цели. А не смееме да заборавиме дека и секој од нас сака да биде слушнат, прочитан и виден. Популарноста преку друштвените мрежи претставува несомнен предизвик за секој од нивните корисници.

Младата милениумска генерација е генерацијата на којашто и јас припаѓам. Во оваа генерација спаѓаат лицата од 19 до 29 годишна возраст. Младите луѓе ја користат ползата од интернетот и информатичките технологии и слободно се изразуваат во тој виртуелен простор. Тие често умеат да се изразуваат и да пишуваат на одредени теми на форуми или на личните блогови. Зошто е важно да се искажува сопственото мислење и став со користење на друштвените мрежи и социјалните платформи? Бидејќи во денешно време се бара и се цени иновативност и креативност и соодветен начин како истите да се пренесат и употребат во практиката.

Младоста е клучен период од животот на секој човек. Во овој период луѓето почнуваат со реализација на своите замислени желби, бараат начин како да се осамостојат и да станат економски независни од своите родители, а со тоа и да си го пронајдат своето место во општеството во коешто живеат. За жал, денес во светот младите луѓе се наоѓаат во немилосрдна положба. Постојат неколку клучни проблеми со кои денес се соочува секој млад човек. На прво место е се разбира големата невработеност на младите луѓе. Второ, се почесто се чувствува долгиот и несигурен премин од образование кон работа. Како трет проблем би ја истакнал нееднаквоста на пазарот на трудот помеѓу различните категории на баратели на работа.

Стапката на невработеност кај младите луѓе со завршено високо образование е сѐ уште висока, но сепак истражувањата и анализите покажуваат дека повисокиот степен на образование може да обезбеди и поголеми шанси за наоѓање на работа. Бидејќи значаен проблем претставува и долгиот и несигурен премин од образование кон работа, се поставува и прашањето какви кадри продуцираат образовните институции? Евидентна е потребата од стекнување на практични знаења и вештини, како и од поврзување на образовните институции со стопанството.

Генерацијата која е на возраст од 48 до 65 години е генерација којашто денес управува со компаниите, односно со можните работодавачи. Во овој контекст треба да се истакне дека и таа генерација е веќе забележлива на професионалните и друштвените мрежи. Тие се оние што создаваат своја мрежа на контакти. Генерацијата која е на возраст од 30 до 47 години го опфаќа најголемиот дел од активните вработени лица. Овие лица не пораснаа со новите технологии, но беа сведоци на т.н. технолошки бум и интернет револуција која од ден на ден станува сѐ поразвиена. И оваа генерација на лица денес е присутна на професионалните и друштвените мрежи. Тие или создаваат своја мрежа на контакти или се приклучуваат кон некоја од веќе постојните.

Во времето во коешто живееме поврзувањето на Интернет е и реалност и неопходност, но зависи од кандидатите дали ќе создадат различни стратегии за работните можности коишто им стојат на располагање и од фирмите дали ќе ги разберат современите технологии и техники за да го пронајдат најдобриот кандидат за работа.

Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот.

(c) Copyright by Ilija Jovanov
All rights reserved


Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...