Skip to main content

Буден: Ние сме пред нов почеток за кој не знаеме на што е почеток

Хрватскиот филозоф и теоретичар на културата, Борис Буден, зборувајќи за актуелната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, истакнува дека глобалниот систем на неоолибералната демократија е премногу закотвен во мислата за својата неминливост и дека она што сега се случува всушност е показател дека нема незаменливи и вечни облици на владеење. Оттаму, од таа верба во својата вечност, неолибералниот поредок толку панично и неподготвено реагираше на предизвикот на пандемијата.

Кажано поинаку, по трагата на она што го говори Буден, се чини дека глобалните елити никако не се во состојба да ја сфатат вообичаената, но не помалку вистинита мудрост, која уште Шехерезада, наведувајќи ја како да се зборови на непознат поет, ја изговорила пред царот Шахријар: „Владееле, долго владееле / Па сепак – наскоро ќе престанат да владеат“. Оваа мисла директно и едноставно ни покажува дека нема вечна власт и дека секоја власт е порозна во мелницата на времето. Се разбира, тоа многу често се заборава во човечката арогантност, која произлегува од заслепувачкото дејство на моќта и власта.

Според мислењето на Борис Буден, кое го кажува во разговорот што го водевме по повод актуелната криза, сè почна со таканаречениот пад на комунизмот, кога каква било алтернатива на постоечкиот систем, во тој момент на неолибералниот капитализам, односно западната либерална демократија, едноставно беше избришана од хоризонтот, од главите на луѓето.

„Тоа се нарекуваше и крај на историјата. Значи, дека веќе нема ни еден систем кој може да го доведе во прашање постојниот светски поредок. Во прв ред, западниот тип на демократија. Тој хоризонт, кој тогаш се отвори, сега се затвора, зашто стана јасно дека системот е кршлив. Тоа е темелното искуство низ кое сега поминуваат луѓето, дека живееме во систем кој може да се распадне преку ноќ. Се разбира, има повеќе рамништа низ кои проблемот станува очигледен. Едно е функционирањето на самиот капиталистички систем, поточно неговата неолиберална логика. Сега се покажува дека оние кои не ја уништиле до крај својата социјална држава, кои ги одржале на некое ниво своите здравствени системи, на некој начин беа поподготвени за ситуацијава од оние кои ја следеа логиката на пазарот, таа невидлива рака која како сè сама да ќе среди. Сега таа невидлива рака никому не помага. Таа не е рака што внесува некаква логика. Туку тоа е раката на пандемијата, смртта, изложеноста, рака која произведува хаос и рака која на виделина ја изнесува неспособноста на елитите. А треба да се потсетиме дека тезата на тие елити беше дека сè ним треба да им се препушти, зашто тие ‘знаат што прават’. Во таа смисла, би рекол, се затвора еден историски хоризонт. Таа приказна што започна со големата идеолошка победа во 1989 и 1990 година – сега е завршена. И ние сега сме на почеток, за кој не знаеме на што е почеток. Може да биде почеток на нешто многу полошо од тоа што сме го доживеале кога било порано“, го објаснува Буден своето видување на актуелниот момент.

На прашањето дали сега гледа некоја можност за алтернатива, бидејќи е јасно дека глобалниот пазар и неолибералниот капиталистички поредок во целост покажаа неспособност да се носат со вакви проблеми и предизвици, овој филозоф и теоретичар на културата истакнува дека некои работи всушност веќе се случуваат во сегашноста. Според него, алтернативите се тука, но треба да се земе предвид дека покрај позитивните постојат и негативни алтернативи.

„Не станува збор само за имагинацијата на оние луѓе кои сакаат подобар, поправеден живот, повеќе еднаквост, социјална солидарност; ова е предизвик и за имагинацијата на оние кои, да кажеме отворено, сонуваат некаков фашистички поредок. И тие во сето ова ја сонуваат својата шанса“, вели Буден.

Овој филозоф и теоретичар на културата во актуелната криза гледа и шанса за луѓето во државите на некогашна Југославија кои, според неговите зборови, би требало да размислат дали имаат способност самите да се соочат со проблемите на овој свет и проблемите на животот на сите нивоа – и политички и економски.

„Исто така, и во смисла на тоа дека мора на некој начин да почнат меѓусебно да се договараат за тоа како ќе се позиционираат во тој свет. Без да се мисли дека таму некаде во Европа постои некој кој знае што треба да се прави, па ќе добиеме точен одговор на прашањето што да се прави или, ако погрешиме, дека некој ќе ги поправи нашите грешки“, заклучува Борис Буден.


Извор: mreza-mira.net


Photo: Novinky.cz

Comments

Popular posts from this blog

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација беше

Како со позитивни мисли да ги зголемите шансите за среќа и напредок во животот?

„Тажните времиња н è  подобруваат и н è  водат кон доброто, додека добрите времиња ни го покажуваат изобилството од можности и ни ги нудат благодетите што треба да ги цениме. Исто така, сфатив дека ништо што е премногу добро или премногу лошо не трае долго.“ ~ Робин Шарма Овој текст го започнав со цитат од еден од денешните најпопуларни автори и мотивациони говорници Робин Шарма. Овој цитат можете да го препрочитате неколку пати и секогаш ќе ја согледувате неговата длабочина.  Според мене, не постои само среќно време, ниту, пак, само тажно време. Работите не се само црни, ниту само бели. Според Сведен Бринкман, професор по психологија на Универзитетот „Аалборг“:  „Одвреме-навреме животот е прекрасен, но исто така е и трагичен. Луѓето умираат во нашите животи, ги губиме, а ако ни е дозволено да имаме само позитивни мисли, тогаш оваа реалност ќе нè погоди уште посилно. Нема ништо лошо во тоа ако некој е природен оптимист или ужива во книгите за самопомош.“ Секој од нас с

Мирослав Крлежа: За човечката глупост

Мирослав Крлежа бил еден од највлијателните југословенски интелектуалци. Тој е хрватски писател кој со својата проникливост и интересен начин на опишување, многу лесно и интересно опишува општествени појави. Во својот есеј „За човечката глупост“ тој дава одлично и остроумно излагање на она што тој го смета за човечка глупост. На моменти длабоко и филозофски, на моменти духовито и шеговито, тој ја анализира човечката глупост која може да се појави во различни форми и текстот е толку добар, што ве уверувам дека ќе добиете чувство дека голем дел од споредбите и описите се напишани вчера. Со оглед на тоа дека се работи за подолг текст, решив да го поделам во два дела и да го објавам во период од два дена. Во продолжение уживајте во овој текст исто онолку колку што и јас уживав додека го преведував. Навечер, во интимен, полугласен разговор со самиот себеси, никако не можам всушност логички да го оправдам тоа што во последно време толку се вознемирувам заради глупостите на луѓето. Кога т