Skip to main content

Субјективната немоќ пред организираната неограничена моќ на државата

Краен песимизам, изразен очај и бесперпективност за иднината се главните карактеристики кои човек може да ги детектира од оваа денешна пандемија. Ако во генералниот развој на човековото општество нешто радикално не се промени, луѓето ќе ги загубат своите човечки карактеристики и ќе се претворат во „автомати без душа“, или, во полошата катаклизмична варијанта, капитализмот ќе ги истроши природните ресурси и ќе ги уништи условите за егзистирање на човечки живот на Земјата.

Фактички, во оваа пандемија се оцртува една битна карактеристика на идните дистопии, а тоа е субјективната немоќ пред организираната неограничена моќ на државата. И тоа, државата која е сервис на мултинационалните компании и малкумината глобални финансиски олигарси. Поединецот е принуден, или поправо речено е убеден, да прифати дека никаков отпор кон „заповедите“ на државата не е можен. Дури, се оцртува неможност за отпор во самите мисли. Индивидуализмот, во онаа негова позитивна варијанта, е претворен во злосторство. Злосторство се чувствата, а човечките права и правдата во целост се подредени и потчинети на „повисоките цели“ на профитот. Останува само опредметување на Хакслиевиот „храбар нов свет“ во кој ќе се произведуваат деца од епрувета, луѓето ќе се програмираат со дроги и хипноза, а неограничената потрошувачка и приватната сопственост непречено ќе се репродуцираат до бесконечност.

Се чини, сè повеќе, ќе настапува време во кое ќе се користи лагата и самозалажувањето дека „не е тоа така страшно“ што ни се ограничува слободата на збор, мислење, движење, протестирање… Сè повеќе, иманентните антихумани и антиеколошки карактеристики на системот кој, единствено, тежнее кон создавање на профит, ќе се оправдуваат како нужен технички и општествен прогрес. Владеачка интелектуална клима на секој начин ќе ја оправдува експлоатација и пазарното функционирање на економијата. Мнозинството инфантилно ќе верува дека профитерскиот систем на односи кој безмилосно ја уништува природата и луѓето, сам од себе ќе се корегира и нема да предизвика катаклизма. Дури ќе веруваат, како што впрочем веруваат и сега, во идиотизмот дека токму овој систем не само што е нужен и незаменлив, туку дека е добар за сите луѓе, а не само за интересот и удопствата на малкумината глобални олигарси. И, секако, под влијание на многубројната поткупена и медиокритетска интелектуална каста, мнозинството глупаво ќе верува во немањето на идеолошка позадина за функционирањето на тој систем.

Луѓето и понатаму ќе бидат задоволни и среќни со општествата, во кои слободната политичка волја ќе може да ја изразат преку можноста да избираат меѓу два вида на политички опции кои се скоро идентични и се дел од едно-исто безумие искреирано од владеачката класа на капиталистите. Со бомбардирањата и „кршењето на кичмата“ на низа измислени „диктатори“ од Белград до Багдад, веќе, започна епохата на рушење на меѓународното право и правда и воспоставувањето на новиот фашизоиден „светски поредок“. Во иднина, светот, немо и вџашено ќе сведочи нова трка за вооружување и геостратегиски судир, чести воено-безбедносни кризи и конфликти, еднострани раскинувања на договорите за контрола на оружјето, закани со економски санкции и трговски војни, пандемии и еколошки катастрофи.

Мнозинството луѓе никако нема да сфатат дека времето е против нив во секојдневна трка, дека во таа трка човечката раса се натпреварува за обезбедувањето на профитот и богатството само на малкумина, дека таа предизвикува целосно осиромашување и уништување на природните ресурси и дека во неа нужно тие се губитници. Луѓето, сè уште, ќе веруваат во „мудрости“ по кои тие се предмети за создавање профит и дека не им е потребни економската еднаквост и солидарност. Ќе бидат среќни робови, а се знае дека тие се најголемите непријатели на слободата, правдата и еднаквоста.

Негативната утопија е веројатно најблаг израз на загриженоста, разочараноста и револтираноста од излудената стварност која ја живееме и ќе живееме. Но, грубите слики од идниот тоталитаризам, ѕверските дела кои се извршуваат и ќе се извршуваат со силата на оружјата за масовно уништување, крволочноста на робовладетелите кои некои ги нарекуваат капиталисти, не само што треба да се опишуваат и жигосуваат како лоши, туку луѓето секогаш треба да се спротиставуваат и борат против нив.

Автор: Александар Литовски

Извор: globusmagazin.mk

Photo: Medium

Comments

Popular posts from this blog

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација б...

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Иднината на државата е во младите луѓе!

Се наоѓаме во период на изборна еуфорија во нашата држава. Секојдневните политички пораки кои политичарите си ги упатуваат меѓусебно, но и до народот нема да најдат простор во оваа колумна. Зошто? Затоа што ние младите луѓе се споменуваме само кога е потребна бројка за да се оствари изборна победа! За проблемите со кои секојдневно се соочуваме, нема слух ниту воља за решавање! Во македонското општество постои погрешна перцепција за политиката и за политичките партии. Не постои општество во светот во кое толку многу политиката е навлезена во него, како ова нашево. На телевизија, на радио, во печатените и во електронските медиуми, насекаде околу нас и секојдневно – наголемо и нашироко се пишува и се зборува за политика. Вистински опиум за народот! Кога во општеството владее атмосфера на сеприсутност на политиката во нашите животи и во нашето (потесно или пошироко) опкружување, невозможно е да се остане без коментар за ставовите на политичарите и да не се вклучи широката н...