Skip to main content

Како да останете продуктивни додека работите од дома?

Благодарение на современата технологија која ја прави возможна комуникацијата и соработката со било кого во светот, работењето од дома станува сѐ почест избор за многу луѓе. 


Покрај бенефитите кои ги носи, работењето од дома може да биде и негативно искуство доколку не сте подготвени. Ова е сосема разбирливо ако не сте навикнати на овој стил на работа. 

Токму затоа, во продолжение пишувам за неколку совети за зголемување на продуктивноста доколку работите од дома. 

Испланирајте го Вашиот работниот ден. 

Во деновите кога работните обврски ги извршувате од дома, често може да се случи да работите и до подоцна, па и без неопходната пауза. Поради тоа, потребно е претходно да го испланирате Вашиот работен ден, па доколку е потребно, можете да поставите и тајмер. Постојат и апликации за автоматско следење на времето поминато на извршување на работните задачи. Воедно, неопходно е да користите и паузи. На нашиот мозок му се потребни паузи во текот на денот. Доколку си го овозможите ова, ќе го добиете фокусот за извршување на работните обврски. 

Составете листа со приоритетни обврски. 

Зошто е потребно да составите листа со приоритетни задачи уште пред да пристапите кон нивно извршување? Оваа листа со приоритетни задачи треба да Ви овозможи да имате успешен и продуктивен работен ден додека работите од удобноста на Вашиот дом. Откако ќе ги завршите работните обврски, погледнете ја листата што претходно сте ја составиле. Дали се чувствувате задоволни? Верувам дека одговорот е да. Навидум се работи за едноставна задача, но верувајте истата делува многу мотивирачки и Ви дава чувство на задоволство, што само дополнително ќе ја зголеми Вашата продуктивност во извршувањето на работните обврски. 

Извршете ги домашните обврски. 

Свесни сте дека некои домашни обврски морате да ги извршите во текот на денот, како што е на пример, готвењето, играта со Вашите деца, хранењето на Вашиот домашен миленик и слично. Токму затоа, однапред испланирајте го времето за извршување на овие обврски и придржувајте се на распоредот. Доколку пред започнувањето со работните обврски успеете да извршите дел од домашните обврски, верувајте дека ќе бидете попродуктивни, бидејќи полесно ќе се фокусирате на работните задачи кои треба да ги извршите. 

Ограничете го времето поминато на социјалните мрежи. 

Факт е дека во текот на денот големо внимание сме со мобилните телефони во раце. Незамислив ни е денот без користење на социјалните мрежи. Истите нудат безброј можности за комуникација, организација на разновидни активности, онлајн купување и слично. Но, за да останете сконцентрирани на работните обврски потребно е да го ограничите времето кои им го посветувате на сите социјални мрежи. Како совет, можете да започнете со исклучување или ставете на тивок режим на известувањата од социјалните медиуми и другите апликации. Според некои написи, голем дел од успешните луѓе ги проверуваат своите профили на социјалните мрежи само во одреден временски период. 

Конзумирајте редовни и здрави оброци. 

Во периодот кога работите од дома имате повеќе можности за конзумирање на здрава храна. Потребно е да одвоите само малку време за да си приготвите здрав и хранлив оброк. Воедно, задоволството е поголемо кога знаете дека самите сте си спремиле појадок, ручек или вечера. 

Внимавајте на онлајн безбедноста. 

Потребно е да одвоите време за инсталирање на антивирусни програми. Овие програми ќе Ви овозможат заштита на компјутерите од потенцијални вируси или од евентуални хакерски напади. Постојат многу програми кои овозможуваат заштита, а во случај да немате потреба или желба да одвоите и финансиски средства за оваа намена, можете да побарате програми кои нудат бесплатна заштита. Понекогаш е подобро да имате инсталирано макар и бесплатна верзија од антивирусните програми, отколку да работите незаштитени. 


Подготвил: Илија Јованов

Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот.
(c) Copyright by Ilija Jovanov
All rights reserved


Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

МЕРИТОКРАТСКА ЕРОЗИЈА

Во секое општество постои момент кога компетентноста престанува да биде предност, а незнаењето станува привилегија. Кај нас, тој момент одамна е надминат. Денес, функционално некомпетентните не се случаен пропуст, туку последица на подлабок процес: системско разградување на стручноста, каде лојалноста значи повеќе од знаењето, а просечноста има поголема шанса да биде наградена од извонредноста. Оваа појава - меритократска ерозија - не започнува драматично. Таа тивко се вгнездува во институциите преку „привремени“ решенија, импровизирани кадровски избори и нормализирање на нестручноста како „флексибилност“. Но, кога еднаш ќе се утврди, постанува правило. А кога просечноста ќе стане норма, тогаш проблем не се поединечните грешки - проблем е системот кој ги произведува. Посебно е забележлива таму каде што треба да биде најмалку видлива: во јавниот сектор и правосудството. Кога на позиции од јавен интерес се поставуваат луѓе без основни знаења, без аналитичка дисциплина, без професионални ...