Skip to main content

„Образование за мир“

Нека мирот преовладува на земјата и нека барем еден ден е исполнет со мир и ненасилство. Тоа би била универзалната порака за овој ден, денес прославуван во повеќе од 180 земји ширум светот. Еден ден во годината исполнет со мир е премалку, но и премногу во ситуација кога во светот, на повеќе меридијани, оружјето не мирува и кога крвави известувања стигнуваат од сите кризни жаришта. 


Секоја година на 21 септември ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на мирот, ден кој е посветен на јакнењето на идеалите за мир помеѓу сите нации и народи. Генералното собрание на ОН официјално го усвои овој датум како Ден на мирот во 2001 година, на тој начин изразувајќи ја својата посветеност на светскиот мир, како поддршка на сите луѓе што работат на постигнувањето на таа цел. Меѓународниот ден на мирот е востановен уште во 1981 година со резолуцијата 36/67, на Генералното собрание на ОН, а првиот Ден на мирот бил обележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои резолуција 55/282, со која 21 септември се востановува како годишен ден на ненасилство и прекин на огнот.

За време на дебатата за резолуцијата на ОН што и официјално го прогласи Меѓународниот ден на мирот, беше речено: „Овој ден ќе служи како потсетник за сите луѓе дека нашата организација, со сите свои ограничувања, е жив инструмент во служба на мирот и треба да ни служи на сите нас во организацијата како ѕвоно кое постојано не потсетува дека ние сме постојано посветени на мирот, над сите интереси и сите можни разлики“. ОН ги повикува сите нации и народи ширум светот да го почитуваат прекинот на непријателствата во текот на овој ден, и воедно да организираат најразлични настани со кои ќе го одбележат Денот на мирот, пред сé, преку едукација и подигање на јавната свест за прашањата поврзани со мирот. 

„Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства.“ – се вели во дел од Резолуцијата на Обединетите Нации. На овој ден насекаде во светот треба да има прекин на огнот и воздржување од насилство, а луѓето се повикуваат да чинат само добри дела. Во пораката на ОН денеска на сите луѓе во светот им се советува да „пропагираат мир на лично ниво“, односно да поминат еден обичен и мирен ден. 

Оваа година, ОН го одбележуваат Меѓународниот ден на мирот под мотото „Образование за мир“. Оттука, уште поголема е потребата, но и желбата и ние како млади луѓе да се вклучиме во одбележувањето на денешниот ден. 

По повод денешниот ден на мирот потребно е да се организираат трибини и манифестации на кои активно учество би зеле младите луѓе, пред сѐ, средношколците и студентите.


Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој текст не смее да биде умножуван, препечатен во механичка, електронска или некоја друга форма, фотокопиран, снимен звучно или на некој друг начин, без претходно писмено одобрување од авторот.
(c) Copyright by Ilija Jovanov 
All rights reserved


Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

МЕРИТОКРАТСКА ЕРОЗИЈА

Во секое општество постои момент кога компетентноста престанува да биде предност, а незнаењето станува привилегија. Кај нас, тој момент одамна е надминат. Денес, функционално некомпетентните не се случаен пропуст, туку последица на подлабок процес: системско разградување на стручноста, каде лојалноста значи повеќе од знаењето, а просечноста има поголема шанса да биде наградена од извонредноста. Оваа појава - меритократска ерозија - не започнува драматично. Таа тивко се вгнездува во институциите преку „привремени“ решенија, импровизирани кадровски избори и нормализирање на нестручноста како „флексибилност“. Но, кога еднаш ќе се утврди, постанува правило. А кога просечноста ќе стане норма, тогаш проблем не се поединечните грешки - проблем е системот кој ги произведува. Посебно е забележлива таму каде што треба да биде најмалку видлива: во јавниот сектор и правосудството. Кога на позиции од јавен интерес се поставуваат луѓе без основни знаења, без аналитичка дисциплина, без професионални ...