Skip to main content

Што ќе ја обликува глобалната политика во следните неколку децении?

Глобалната политика ќе биде доминирана од достапноста, трговијата и инвестициите во микрочипови во следните неколку децении, изјави извршниот директор на Интел, Пат Гелсинџер, во интервју што го даде за CNN на Светскиот економски форум одржан во Давос. Гелсинџер ја презеде функцијата извршен директор во февруари 2021 година.

Во интервјуто тој изјави дека локациите на светските нафтени резерви ја дефинирале глобалната геополитика во последните педесет години, но дека во следните педесет години чиповите ќе имаат толкаво значење, што е, областите каде што ќе се произведуваат чипови и области кои ќе бидат важни за синџирите на снабдување со технологија.

Гелсинџер рече дека инвестицијата на компанијата во нови производствени капацитети во САД, Европа и на други места е важна не само за иднината на компанијата, туку и за „глобализацијата на најкритичниот ресурс за иднината на светот“. „Потребен ни е овој географски избалансиран, еластичен синџир на снабдување“, изјави тој.

Интел минатата година соопшти дека ќе инвестира 20 милијарди долари за изградба на две нови американски капацитети за производство на чипови, како и до 90 милијарди долари во нови европски фабрики, со цел повторно да ја потврди својата позиција како лидер во индустријата за полупроводници. Најавите дојдоа и поради загриженоста за концентрацијата на производството за чипови, во Азија, особено Кина и Тајван, за време на пандемијата Ковид-19 и како што растеа геополитичките тензии. Проблемите во синџирот на снабдување со чипови во последниве години предизвикаа недостиг и доцнење на испораката на сè, од десктоп компјутери и iPhone-и до автомобили.

„Ако научивме една работа од кризата со Ковид и ова повеќегодишно патување на кое бевме, потребна ни е издржливост во нашите синџири на снабдување“, изјави Гелсинџер, додавајќи дека инвестициите во производството на Интел се насочени кон „израмнување на полето за играње за да може да се донесат добри инвестициски одлуки“.

Гелсинџер кој ја презеде функцијата извршен директор на Интел пред две години во тежок период за компанијата призна дека инвестициите на компанијата во повеќедецениска стратегија доаѓаат во тежок економски период.

Потребни ни се географски избалансирани, еластични синџири на снабдување, коментира првиот човек на Интел, информиран од ситуацијата во која се најде светот по пандемијата на коронавирус, кога имаше недостиг од се и сешто, вклучително и чипови, како и повеќето од производи во кои се инсталирани чипови.

За ваквата преголема зависност од синџирите на снабдување од исток се свесни и САД и европските земји, па САД донесоа закони според кои ќе инвестираат големи суми пари за субвенционирање на изградба на фабрика за чипови на нивна територија. Исто така, плановите на Интел вклучуваат проширување на постоечките и изградба на нови фабрики. Така, освен фабриките во Орегон, Ново Мексико и Аризона (кои ги прошируваат), ќе изградат нова фабрика и во Охајо, а планираат да ги прошират постојните операции во Израел, Ирска, Малезија, Германија и Италија. Тие имаат намера да инвестираат 20 милијарди долари во фабрики во САД и до 90 милијарди долари во нови европски фабрики.

Според извршниот директор на Интел, многу важна причина за изградба на фабрики во САД и Европа е Тајван. Тајван не е стабилно место, предупреди Гелсинџер пред повеќе од една година, најмногу поради кинеската закана. Со оглед на тоа што таму се произведува најголема количина на чипови, секоја нестабилност која би влијаела на производството би се почувствувала насекаде низ светот.

Американскиот закон донесен минатата година за зајакнување на домашното производство на чипови треба да помогне. Законот за чипови и наука ќе инвестира повеќе од 200 милијарди долари за да им помогне на компаниите да го развијат производството и истражувањето на домашните чипови во САД.

Сега, изјави Гелсинџер, Интел и другите производители на чипови само чекаат да се дисперзираат средствата од законот, откако претседателот Џо Бајден минатата година му наложи на Управниот комитет, вклучувајќи ја и секретарката за трговија, Џина Раимондо, да одреди како да го имплементира законот и да ги распореди средствата.

„Очекуваме дека ќе ги видиме оваа година“, рече Гелсингер за средствата од Законот за чипови и наука на САД. „Јас инвестирам, ве молам појавете се со парите. Затоа што претпоставуваме дека тие ќе ни помогнат да ги направиме овие огромни инвестиции“.


Pat Gelsinger (Credit: Intel Corporation)

Comments

Popular posts from this blog

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација б...

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...