Во овој есеј ќе се обидам да ја прикажам филозофско-идејната мисла на двајца многу значајни филозофи: Џон Лок и Шарл Луј Монтескје. Овие филозофи направиле многу значаен исчекор во конституирањето на теоријата на либерализмот и конституционализмот, како и за востановување на теоријата за поделба на власта (на законодавна, извршна и судска). Од самото ова, станува јасно колку се значајни овие две имиња за востановување на новата либерална теорија и за понатамошниот развиток на правото како наука. Затоа, во продолжение на овој есеј, ќе ги прикажам делата и идеите на овие двајца филозофи. Џон Лок (1632-1704) е англиски филозоф и основоположник на теоријата на либерализмот и конституционализмот. За него, правото претставува израз на волјата на законодавецот, вообличена низ законското, односно позитивното право. Лок тргнува од становиштето дека позитивниот закон произлегува од позитивно-правното уставно право, чијшто извор е волјата на народот. Поаѓајќи од таа уставно-правна моќ, произлегу...
ЗА ОТВОРЕНИ И СЛОБОДОУМНИ УМОВИ.