Skip to main content

Каква ќе биде иднината на архитектурата и дизајнот после пандемијата?

Дали отворените работни простори се минато? Дали можат да преживеат облакодерите? Дали нашите телефони ќе контролираат сè, од светлата до нарачувањето кафе? Како треба да ја замислуваме архитектурата на иднината во светлината на нова можна пандемија?

Од антибактериски месинг врати до широки, добро проветрени булевари, нашите градови и згради отсекогаш биле обликувани од болести. Колерата беше таа која влијаеше на модерната улична мрежа, бидејќи епидемиите од 19 век поттикнаа воведување на канализациски системи кои бараа патиштата над нив да бидат пошироки и прави, заедно со новите закони за зонирање за да се спречи пренатрупаноста.

Третата пандемија на бубонска чима, која почнала во Кина во 1855, пак, го изменила дизајнот на голем број елементи, од дренажни цевки до прагови на вратите и градежните темели, во контекст на глобалната војна против стаорците. Естетиката на модернизмот делумно била резултат на туберклозата, со санаториуми преплавени од светлина, хигиенски поплочени купатила и соби обоени во бело. Во архитектурата формата, исто како и функцијата, секогаш го следела стравот од инфекција.

Речиси е сигурно дека и најновата пандемија ќе има долготрајни ефекти врз архитектурата. Домовите ќе треба подобро да се приспособат за истовремено да претставуваат и работни места. Тротоарите да се прошират за да обезбедат полесно разминување на пристојна дистанца. Канцелариите со отворени простори, каде сите се на „куп“, ќе треба да станат работа на минатото. Лифтовите, во кои бројот на лица беше регулиран со максималната тежина, сега ќе треба да се смалат за да примат еден или двајца, и да реагираат на глас, а не на копче.

Она што ќе треба да се промени не е само ентериерот, туку и мебелот. Канцелариските маси со текот на годините се имаат стеснето, од 1.8, на 1.6 па на 1.4 метри и помалку широчина. Но сега е можен обратниот процес, воведување закони за минимален простор по вработен во канцелариите, како и намалување на максималниот број лица по лифтови и ходници заради спречување гужви.

Сето ова значи дека висококатниците ќе станат поскапи за градење и помалку ефикасни, што ќе ја намали економската привлечност за инвеститорите да градат „небодери“ - кули какви што до сега беа карактеристични за деловните простории во големите градови.

Градежните пост-коронавирус принципи би можеле да вклучат и таква навигација низ објектите кои бараат минимум физички контакт со површини - автоматско отварање на вратите со користење сензори за движење или препознавање на лик, и повикување на лифт со телефон. Истото важи и за управувањето со електричната светлина, вентилацијата и ролетните.

Вирусот го зголемува и јазот помеѓу градот и селото, како и помеѓу градовите и приградските населби. Во самите градови пак е привилегија да се има тераса, за голем двор и да не зборуваме. А влијанието на пандемијата врз миграцијата и туризмот допрва ќе се проценува. „Бустеризмот“ на глобалните градови сигурно ќе доживее голем удар, но од него може ќе се научат и некои лекции - за важноста на јавните услуги, и соодветниот, правичен систем на социјална заштита на сите слоеви на население.


Извадок од колумната „Паметни лифтови, осамени работници, без кули или туристи: архитектурата по коронавирусот“ на авторот Оливер Вејнрајт објавена во Гардијан


Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

МЕРИТОКРАТСКА ЕРОЗИЈА

Во секое општество постои момент кога компетентноста престанува да биде предност, а незнаењето станува привилегија. Кај нас, тој момент одамна е надминат. Денес, функционално некомпетентните не се случаен пропуст, туку последица на подлабок процес: системско разградување на стручноста, каде лојалноста значи повеќе од знаењето, а просечноста има поголема шанса да биде наградена од извонредноста. Оваа појава - меритократска ерозија - не започнува драматично. Таа тивко се вгнездува во институциите преку „привремени“ решенија, импровизирани кадровски избори и нормализирање на нестручноста како „флексибилност“. Но, кога еднаш ќе се утврди, постанува правило. А кога просечноста ќе стане норма, тогаш проблем не се поединечните грешки - проблем е системот кој ги произведува. Посебно е забележлива таму каде што треба да биде најмалку видлива: во јавниот сектор и правосудството. Кога на позиции од јавен интерес се поставуваат луѓе без основни знаења, без аналитичка дисциплина, без професионални ...