Skip to main content

Јерговиќ: Ако здравјето ви е поважно од човековите права, тогаш најдобро е никогаш повеќе да не излезете од дома

Аналитика: Што оваа пандемија зборува за нас и за ова време?


Јерговиќ: Не знам што зборува, ако воопшто нешто зборува. Можеби најмногу од сè дека сме пречувствителни. Ќе го повторам она што го реков на почетокот на пандемијата, молејќи ги епидемиолозите да ме демантираат ако грешам: да се појавеше Ковид-19 пред 30-тина години, ќе останеше незабележан, и - иако веројатно малку побавно - исто ќе се раширеше по светот. Ќе умреа повеќе луѓе отколку што ќе умрат сега, но тоа никој немаше да го забележи, како што и денес не се забележуваат и не се бројат луѓето што умираат од глад или од некои неатрактивни болести на сиромаштијата, од колера, на пример. Да се појавеше пред 30 години, ковид-19 ќе беше третиран како некоја таинствена вироза од која гинат главно луѓе што и онака се болни, а кои по правило па уште се и стари. 

Денес, меѓутоа, за него сè знаеме, пред него стравуваме и живееме во средновековни карантини, зад цврсто затворени општински, регионални и државни граници, а некаде богами има и полициски час. 

Аналитика: Ве плаши ли на кој било начин ситуацијата во која се наоѓаме?

Јерговиќ: Се разбира дека ме плаши. Но и понатаму не ме плаши ковид-19, туку ме плашат реакциите на цивилизацијата и демократските општества на епидемијата. Освен што со години и децении ги игнорираа коронавирусите, прво САРС-1, па потоа и МЕРС-от, уверени дека занимавањето со коронавирусите е неисплатливо од позиција на капиталистичкиот, то ест фармацевтскиот профит, денес луѓе од Западот се одушевуваат со каква ефикасност против епидемијата се борат антидемократските и тоталитарни режими, не само оној во Кина, туку, да речеме, и во Виетнам. 

Се разбира дека тоталитарните режими во тоа се поефикасни. Тоталитарните режими, всушност, во сè се поефикасни. Демократијата има смисла само ако ѝ служи на слободата и таа е единствената причина за демократијата. За сè друго, па и за епидемијата на ковид-19, како и за народното здравје воопшто, тоталитаризмот е подобар и поефикасен. Ме чуди што уште не се сетиле да замислат со каков успех Адолф Хитлер ќе се пресметаше со коронавирусот. Ако на Кинезите им требаа два месеца, тој со епидемијата би бил готов за месец дена. Ама, тоа причина ли е да почне да ни се бендисува Хитлер?

А ме плаши и уште нешто: докторите станаа херои, медицината стана критериум на целокупниот општествен живот, здравјето на нацијата е нешто за кое секојдневно се зборува како за темелен и единствен критериум за опстанокот на една заедница. Сето тоа, ама баш во влакно, постоеше како фетиш и во фашистичка Германија. Лекарите ја одредуваа мерката на граѓанската и општонародната слобода. Тие одредуваа колку е некој „болен“ и колку со својата „болест“ ја загрозува заедницата. Лекарите зборуваа за здравјето на нацијата и пропишуваа, заедно со Фирерот, што треба да се преземе за да се заштити и унапреди здравјето на нацијата. Разликата е само во тоа што во Третиот Рајх не постоеше вирусна епидемија.

Аналитика: Колку слобода се луѓето подготвени да жртвуваат за да се чувствуваат сигурно? Дали изборот пред кој се ставени - слобода или здравје - е лажна дилема?

Јерговиќ: Луѓето се однесуваат како избезумени магариња. Прифаќаат дека ништо не е повредно од здравјето. А тоа, повторно е, во најизворниот облик, тоталитаристичка, хитлеровска парола. Слободата е неспоредливо повредна од здравјето. Не постои причина слободата да се жртвува за здравјето, освен ако немаме желба да се претвориме во Кина, во комунистички Виетнам, во Орбанова Унгарија или во нешто што потсетува на Третиот Рајх.

Аналитика: Ќе продолжи ли злоупотребата на слободата и по завршувањето на пандемијата? Колку тешко ќе биде на властодршците да им се одземе моќта што ја стекнаа во овој период?

Јерговиќ: Не разбирам зошто некој би помислил дека Орбан, Вучиќ, Путин или некој претседател на месна заедница ќе се откаже од она што го стекнал за време на епидемијата. Всушност, кога е во прашање народното здравје, никогаш не можеме да бидеме доволно внимателни. Дури и ковид-19 сосема да исчезне, зарем уште сега немаме доволно причини да сме на штрек пред некој иден вирус? Слободата што властодршците еднаш ќе ви ја одземат, никогаш нема да ви биде вратена. Сметајте на тоа.

Едно е сигурно: нема да изумреме во оваа епидемија, а слободата, како и секогаш, ќе ја има онолку колку што ќе покажеме дека ја посакуваме. Ако здравјето ви е поважно од човечките права, тогаш најдобро е никогаш повеќе да не излезете од дома. На тој начин сигурно ќе останете здрави. Посебно ако со владетелот се договорите на кој начин, така неизлезени, ќе му пружите трајна поддршка. Верувам дека и тоа е изводливо. Имаме дигитални платформи...


Целото интервју со хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ можете да го прочитате на порталот Аналитика

Фото: Време

Popular posts from this blog

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

Харари: Живееме во застрашувачка ера кога цели истории и нации можат да бидат лажирани

Во својата нова книга, „21 лекции за 21 век“, најпродаваниот автор го свртува вниманието кон проблемите со кои се соочуваме денес. Овде, тој тврди дека „лажните вести“ се многу постари од Фејсбук. Деновиве постојано ни се кажува дека живееме во нова и застрашувачка ера на „пост-вистината“, и дека лагите и фикциите се насекаде околу нас. Не е тешко да се најдат примери. Така, кон крајот на февруари 2014 година, руските специјални единици кои немаат обележја на армијата ја нападнаа Украина и окупираа клучни инсталации на Крим. Руската влада и претседателот Владимир Путин лично повеќепати негираа дека станува збор за руски трупи и ги опиша како спонтани „групи за самоодбрана“ кои можеби стекнале опрема од руски изглед од локалните продавници. Бидејќи тие го искажаа ова прилично тврдоглаво тврдење, Путин и неговите помошници добро знаеја дека лажат. Руските националисти можат да ја изразат оваа лага тврдејќи дека тоа служело за поголема вистина. Русија се занимаваше со праведна војна и...