Skip to main content

Тесла: Животот е и секогаш ќе биде равенка чие решение не можеме во целост да го дофатиме


„Превидувањето е неблагодарно. Ниту еден човек не може да види премногу далеку во иднината. Напредокот и пронајдоците се развиваат во други правци од оние кои сме ги предвидувале. Такво беше моето искуство, иако себеси си ласкам дека случувањата потврдиле многу развојни правци кои сум ги предвидел во првата третина од 20 век. Изгледа дека отсекогаш сум бил пред времето. Требаше да чекам 19 години да проработи електраната на Нијагара заснована на мојот сисием, поминаа 15 години откако мојот патент за бежичен пренос на сигнал, објавен уште во 1893 година, најде универзална примена. Ги најавив космичките зраци и мојата теорија за радиоактивност уште во 1896 година. Едно од моите најзначајни откритија – резонантноста на Земјата како основа на бежичниот пренос на енергија, кое го објавив во 1899 година, многу не го разбираат ниту денес. Речиси две години откако го направив преносот на електрична енергија околу целата планета, Едисон, Штајнмец, Маркони и други, тврдеа дека е невозможно на бежичен начин преку Атлантикот да се пренесе ниту обичен сигнал, а не пак електрична енергија. Со обзир дека наговестив толку многу откритија, мислам дека нема многу да погрешам ако се обидам да предвидам како ќе изгледа животот во 21 век.“

Смислата на пронаоѓачите и револуционерните изуми отсекогаш била да ја променат иднината на човековото општество. Сепак, тоа никогаш не им одговарало на сите, особено не на сите моќници од кои некои вложувале големи напори и средства да спречат промена која би можела да го загрози нивното место на врвот на социјалната пирамида.

Животот е движење

Животот е и секогаш ќе биде равенка чие решение не можеме во целост да го дофатиме, но таа равенка сепак содржи и одредени познати факти. Со сигурност можеме да кажеме дека животот е движење, иако недоволно ја познаваме неговата природа. За движење е неопходно тело кое се движи и сила која го потиснува и му помага да го совлада отпорот. Човекот е маса која ја потискува силата. Оттука, и општите закони во царството на механиката кои важат за движењето, можат да се применат и на човештвото.

Постојат три начини како може да се зголеми енергијата која го одредува човечкиот процес. Прво, можеме да ја зголемиме масата. Тоа во случајот на човештвото би значело пдобрување на условите за живот, здравјето, развој на човечкиот вид и слично. Второ, можеме да ја намалиме силата на отпорот кој го успорува напредокот, како што се незнаењето, глупоста и религиозниот фанатизам. Трето, можеме да ја помножиме енергијата на човечката маса преку совладување на силите на универзумот, како што се силата на сонцето, океаните, ветрот, плимата и осеката.

Со првиот метод остваруваме повеќе храна и благосостојба. Со вториот се создаваат услови за мир. Со третиот метод се зголемува нашата способност да работиме и создаваме. Напредокот, било каков и да е, е невозможен доколку нашите напори не се насочени кон зголемување на благосостојбата, кон мирот и создавањето. Според тоа, механичкото сфаќање на животот е единствено со учењата на Исус и Буда.

Иако не сум верник во ортодоксна смисла, се потпирам на религијата. Прво, затоа што секој човек мора да има некој идеал – религиозен, уметнички или хуманитарен – со цел неговиот живот да има некаква смисла. Второ, бидејќи сите големи религии содржат мудри препораки за добар живот кои важат и денес, како и во времето кога биле создадени.

Не постои конфликт помеѓу идеалите на науката и идеалите на религијата, но науката е спротивставена на догмите, бидејќи науката се заснова на факти. За мене, универзумот е едноставно голема машина која никогаш не настанала и никогаш нема да исчезне. Човечкото битие е исклучок во природниот поредок на работите. Човекот е машина, како и универзумот. Ништо не допира до нашиот ум, ниту влијае врз нашето делување, посредно или непосредно, а да не е одговор на пораката која преку нашите сетила ја примаме од надворешната средина. Заради сличноста на нашата конструкција и нашата околина, сите слично одговараме на слични влијанија, а како резултат на нашите реакции, доаѓаме до разбирање. Во текот на сите векови, се развивале бесконечно сложени механизми. Меѓутоа, она што ние го викаме душа или дух, не е ништо повеќе од збир на сите функции на телото. Кога овие функции ќе исчезнат, исто така исчезнуваат и душата или духот.

Јас овие идеи ги изнесов далеку пред бихејвиористите, предводени со Павлов во Русија и Вотсон во САД, да го објават концептот на својата нова психологија. Ова, очигледно механистичко сфаќање не е во спротивност со етчките сфаќања на животот. Општото прифаќање на овие поставки не би ги разорило религиозните идеали. Денес, будизмот и христијанството се најголеми религии, и по бројот на верници и по значењето. Верувам дека нивните суштински сфаќања ќе изградат нова религија на човековата душа во 21 век.

Хигиената и физичката култура ќе бидат највисок приоритет

Во 2100 година развојот на животот ќе буде под целосна контрола на науката. Во минатото, под законитостите на борбата за опстанок, главно исчезнаа помалку подобните карактеристики. Човечкото ново чувство на сожалување се спротивставува на неумоливото делување на природата. Единствен метод кој би одговарал на нашето чувство на цивилизациско однесување е стерилизација и потиснување на сексуалниот инстинкт кај неприлагодените единки. Неколку европски и некои членки на унијата на САД се одлучуваат да ги стерилизираат криминалците и ментално пореметените личности. Тоа не е доволно. Научниците секогаш вршат притисок основањето на брачна заедница да се направи што потешко. На секој кој не е поуздан родител нема да му биде допуштено да создава потомство. За еден век од денес, на нормална личност ќе ѝ биде еднакво неприфатливо да општи со неприлагодените припадници на општество, исто како со обичните криминалци.

Хигиената и физичката култура ќе бидат признаени делови на образовниот систем и државниот апарат. Министер за хигиена и физичка култура во 2035 година, во владата на тогашниот претседател на САД, ќе биде позначаен од министерот за одбрана. Загаденоста на нашите крајбрежја, како што е денес околу Њујорк, за нашите деца и внуци ќе биде незамисливо, како што за нас е незамислив животот без водоводи и канализации. Снабдувањето со вода строго ќе се надгледува, а само луд човек ќе користи вода која не е стерилизирана.

Повеќе луѓе ќе умираат од загадена вода, отколку од други стимуланси. Јас исто така, не јадам месо. Уверен сум дека за сто години, кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот, сепак, ќе се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку проверен еликсир на животот. Стимулансите нема да исчезнат под присила. Едноставно, веќе нема да биде во мода, организмот да се труе со такви штетни состојки. Природната храна како што се млеко, мед и житарки, ќе бидат основа на епикурејските вечери и врвните ресторани во дваесет и првиот век.

Ќе има доволно жито и производи од жито за да се прехрани целиот свет, вклучувајќи и милиони гладни во Кина и Индија. Нашата планета е пребогата, а таму каде што нешто недостасува, азотот добиен од воздухот, ќе може да го обнови ткивото на земјата. Јас во 1900 година развив процес за оваа намена. Подоцна после 14 години, за предвоените потреби, го усовршија германските хемичари.

Значително пред крајот на следниот век, систематското пошумување и научно управување со природните ресурси, ќе стави крај на шумските пожари и поплавите. Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на големи раздалечености, ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија, па ќе престане потребата за согорување на течности. Со намалувањето на напорите за голо преживување, човечките напори ќе бидат повеќе насочени кон развој на идеали, отколку кон материјални вредности.

Славни ќе бидат оние кои ќе го победат незнаењето

Денес, и најцивилизираните земји во светот, максимумот на своите приходи го трошат на војни, а минимум на образование. Во 21 век тој однос ќе се промени. Најславни ќе бидат оние кои ја добиваат битката со незнаењето, а не оние кои умираат на војните полиња. Откривањето на нови научни вистини ќе привлекува повеќе внимание од дипломатските случувања. Дури и новините на нашето време почнаа да ги прифаќаат научните откритија или новото филозофско сфаќање како и секоја друга вест. Новините на 21 век се уште ќе пишуваат за криминални и политички контроверзи, но главните наслови на насловните страни ќе бидат објавите на новите научни хипотези.

Напредокот ќе биде невозможен доколку луѓето продолжат со дивјачката пракса на меѓусебнно убивање. Од својот татко, ерудит и упорен борец за мир, ја наследив длабоката омразеност кон војната. Како и другите пронаоѓачи, некое време верував дека војните можат да се сопрат, ако се направат поразорни. Но, сфатив дека тоа е погрешно Го потценив човечкиот боречки инстинкт, за кој ќе треба повеќе од еден век за сосема да избледи. Војната не може да се укине со тоа што ќе го ставиме надвор од законот. Нема да ја сопреме војната ако ги разоружиме најмоќните. Војните ќе се спречат, не со тоа што ќе ги ослабиме најсилните, туку така што секој народ, слаб или силен, ќе биде во состојба самиот себе да се одбрани.

Секоја земја мора да има капацитет да се брани

Оттука, секое средство кое се користи за одбрана може да служи и за агресивни намери. Со тоа се обезвреднуваат добрите намети за остварување на мирот. Меѓутоа, јас успеав да дојдам до идеја како да ги усовршам средствата кои би служеле за одбрана. Ако би се прифатила, тоа целосно ќе ги измени односите помеѓу народите. Со тоа секоја земја, голема или мала, ќе биде способна да пружи отор на непријателските восјки, авионите или другите средства за напад. Мојот изум подразбира изградба на голем генератор, кој кога ќе се стави во погон, би бил во состојба уништи се, од непријателските војски со воените машини во круг од 400 километри. Тој би претставувал силен ѕид и непремостлива пречка пред било кој облик на агресија. Ако ниедна земја не можете успешно да ја нападнете, тогаш престанува секоја смисла за војна опција. Моето откритие ја разоружува злобната сила на авионите или подморниците, но останува надмоќта на воените бродови, бидејќи бродовите можат да се опремат со некој од неопходните уреди. Можеби и понатаму ќе има војни на море, но ниту еден воен брод нема да може да продре преку копнената линија на одбраната, бидејќи уредите на брегот ќе бидат надмоќни над било кое неоружување на воените бродови.

Сакам посебно да истакнам дека овој мој изум не се потпира на т.н. зраци на смртта. Зраците не се применливи бидејќи не можат да се произведат во потребна количина и бидејќи на големи далечини ја губат неопходната сила. Целата енергија на Њујорк (приближно два милиони коњски сили), претворена во зраци и проектирана на далечина од 40 километри, не би можела да убие човек, бидејќи според познатите закони на физиката, толку би се расплинила да не би имала никаков ефект.

Мојот апарат проектира честички кои можат да бидат релативно големи или со микроскопски димензии, и озвозможува на мал простор и на голема раздалеченост да се пренесе трилиони пати повеќе енергија отколку што е можно со зраци од било кој вид. Илјада коњски сили можат да се пренесат со сноп потенок на влакно на коса, а притоа ништо да не може да ги споре. Оваа карактеристика на зракот ќе овозможи меѓу другите работи, незамисливи резултати во телевизијата, бидејќи речиси и да нема да има ограничување за интензитетот за осветлување, големина на сликата или раздалеченоста на која е можно да се проектира слика.

Не велам дека нема да има уште разорувачки војни пред светот да го прифати мојот изум. Јас веројатно нема да ја доживеам неговата примена. Но, уверен сум дека за еден век од денес, сите земји ќе можат да обезбедат преку ова или некое слично средстви да станат имуни од напади.

Роботите ќе бидат современи робови

Безбројни работи кои денес се работат рачно, ќе бидат заменети со раце на автомати. Токму во овој момент, научниците во лабараториите на американските универзитети се обидуваат да создадат нешто што се опишува како “машина која мисли”. Таков развој предвидував уште одамна.

Јас, всушност, контструирав роботи. Денес роботите се неспорен факт, но самите принципи уште треба да се откриваат. Во 21 век роботите ќе завземат место кое го имале робовите во древните цивилизации.

Воопшто не постои причина заради која сето ова не би се случило и за помалку од еден век. А ако вниманието на човештвото не биде премногу окупирана со надворешни војни и внатрешни револуции, нема причина милениумот на електриката да започне и за неколку децении.”


Делови од интервјуто со Никола Тесла објавено во весникот Liberty во февруари 1937 година.


Овие изјави и после толку години, покажуваат дека Никола Тесла бил вонвременски човек и научник. Некои од работите кои ги предвидел Тесла и во денешно време изгледаат далеку од реалноста, но повеќе од јасно е дека ова е единствениот пат на човештвото за спас од самоуништување.

Човекот навистина мора да има идеал во животот, за тој да има некаква смисла. Факт е дека никаков напредок не е можен доколку напорите не се насочат кон остварување на мир, благосостојба и создавање. Посебно во ова време. Ова не е слеп идеализам. Тоа е единствен и очигледен избор во иднинатата, со оглед на минатото и сегашноста. Опомена и поука за човечкиот род од историскиот развој.





Popular posts from this blog

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација беше

Како со позитивни мисли да ги зголемите шансите за среќа и напредок во животот?

„Тажните времиња н è  подобруваат и н è  водат кон доброто, додека добрите времиња ни го покажуваат изобилството од можности и ни ги нудат благодетите што треба да ги цениме. Исто така, сфатив дека ништо што е премногу добро или премногу лошо не трае долго.“ ~ Робин Шарма Овој текст го започнав со цитат од еден од денешните најпопуларни автори и мотивациони говорници Робин Шарма. Овој цитат можете да го препрочитате неколку пати и секогаш ќе ја согледувате неговата длабочина.  Според мене, не постои само среќно време, ниту, пак, само тажно време. Работите не се само црни, ниту само бели. Според Сведен Бринкман, професор по психологија на Универзитетот „Аалборг“:  „Одвреме-навреме животот е прекрасен, но исто така е и трагичен. Луѓето умираат во нашите животи, ги губиме, а ако ни е дозволено да имаме само позитивни мисли, тогаш оваа реалност ќе нè погоди уште посилно. Нема ништо лошо во тоа ако некој е природен оптимист или ужива во книгите за самопомош.“ Секој од нас с

Мирослав Крлежа: За човечката глупост

Мирослав Крлежа бил еден од највлијателните југословенски интелектуалци. Тој е хрватски писател кој со својата проникливост и интересен начин на опишување, многу лесно и интересно опишува општествени појави. Во својот есеј „За човечката глупост“ тој дава одлично и остроумно излагање на она што тој го смета за човечка глупост. На моменти длабоко и филозофски, на моменти духовито и шеговито, тој ја анализира човечката глупост која може да се појави во различни форми и текстот е толку добар, што ве уверувам дека ќе добиете чувство дека голем дел од споредбите и описите се напишани вчера. Со оглед на тоа дека се работи за подолг текст, решив да го поделам во два дела и да го објавам во период од два дена. Во продолжение уживајте во овој текст исто онолку колку што и јас уживав додека го преведував. Навечер, во интимен, полугласен разговор со самиот себеси, никако не можам всушност логички да го оправдам тоа што во последно време толку се вознемирувам заради глупостите на луѓето. Кога т