Skip to main content

Вистина, лаги и литература

Распадот на старите сфаќања околу тоа што е реалноста сега е најважната реалност. Светот денес веројатно најдобро може да се објасни во смисла на конфликтни и често некомпатибилни наративи.


Во колумна во Њујоркер, Салман Ружди зборува за тоа дека вистината отсекогаш била спорна идеја. Но истовремено, вистина е и дека во некои други историски околности постоел пошироко распростратен консензус за природата на реалноста отколку денес. На пример, на запад во 19 век, големите писатели на тоа време можеле да претпостават дека тие, и нивните читатели, се согласувале околу ова прашање, и златното доба на реалистичките романи се темели на оваа основа. Но тој консензус бил заснован на бројни исклучоци. Се однесувал на белците од белата класа. Гледишта многу различни од буржоаската реалност опишана во, да речеме, „Мадам Бовари“ или „Доба на невиност“ биле главно избришани од наративите. Значењето на големите јавни прашања исто така често биле маргинализирани. Во целото дело на Дикенс, на пример, постоењето на британската империја едвај се насетува.

Во дваесетиот век, под притисок на огромни социјални промени, консензусот од деветнаесетиот век се покажал како кршлив - неговиот поглед на реалноста почнал да делува лажно. Постепено реалистичкиот роман загубил од релевантноста, и писатели како Кафка или Маркес почнале да создаваат понеобични, надреални текстови, кажувајќи ја вистината преку средства на очигледни невистини, создавајќи нов вид реалност, слична на магија.

Но, денес распадот на старите сфаќања за реалноста е најзначајната реалност, полна некомпатибилни и спротивставени наративи. Ваквата ситуација има длабоки последици по литературата и ние не можеме да се преправаме дека тоа не е така. Но, притоа се јавува проблем: како можеме да велиме, од една страна, дека модерната реалност станала нужно мултидимензионална, фрагментирана, а од друга страна дека реалноста е едно специфично нешто, несомнена серија на работи кои се такви какви што се, и која треба да се брани од напади од нешта кои не се такви какви што изгледаат дека се? Како да се бориме против најлошите аспекти на интернет, оној паралелен универзум во кого коегзистираат значајни информации и тотално ѓубре, со исто ниво на авторитет, заради што тешко се одделуваат едни од други?

Немам целосен одговор. Но, мислам дека мораме да признаеме дека идејата за вистината на кое и да е општество е секогаш производ на расправа, и треба да станеме подобри во победувањето во таа расправа. Демократијата не е учтива. Често е како натпревар во дерење на плоштад. Мораме прво да бидеме вклучени во расправата ако воопшто сакаме да ја добиеме. А што се однесува до писателите, мораме повторно да го вратиме верувањето на нашите читатели во аргументот на фактичкиот доказ и во она што фикцијата отсекогаш била добра - градењето на разбирање помеѓу писателот и читателот за тоа што е реално. Притоа не мислам на реконструирање на тесниот екслузивен консензус на 19 век. Во ова време на радикално несогласување, можеме да направиме луѓето да се согласат во врска со вистините врз основа на големата константа, а тоа е човечката природа. Да почнеме од тука.

Во Германија, по Втората светска војна, авторите на она што се нарекувало Трумерлитератур, или „литература од урнатините“, почувствувале потреба повторно да го изградат својот јазик, затруен од нацизмот. Тие сфатиле дека реалноста, вистината, мора да биде реконструирана од долу нагоре, со нов јазик, исто како што треба да бидат повторно изградени цели градови. Можеме да научиме нешто од овој пример. Повторно сме, додуша од различни причини, среде урнатини на вистинта. И на нас е - на писателите, мислителите, новинарите, филозофите - да го преземеме ризикот за повторна изградб на верувањето на читателите во реалноста, во нивната верба во вистината. И да го сториме тоа со нов јазик, граден од почвата нагоре.


Автор: Салман Ружди


Popular posts from this blog

СИНДРОМ „ИГНОРИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ“: КОГА ПОСЛУШНОСТА ЌЕ ГО ПРОГОНИ КВАЛИТЕТОТ НА МАРГИНИТЕ

Многу често, врвните и независни научни кадри во државата се соочуваат со затворени врати. Нивната „вина“ е едноставна: немаат партиска позадина, а нивните идеи бараат сериозна работа, а не евтин популизам. Критериумите за вработување овде одамна се мета на потсмев – деградирани од партиски влијанија и фаворизирање на кандидати со партиска книшка, наместо со реален интегритет и капацитет. Човек кој стекнал знаење со чесен труд тешко се вклопува во „пазарниот“ систем на македонското општество, каде партиската книшка тежи повеќе од секоја универзитетска диплома. Тоа што системот не го користи неговиот потенцијал е загуба за државата, а не за поединецот. Кога независните интелектуалци се трудат да го зачуваат својот образ чист, системот гради недоверба кон нив и токму затоа таквите луѓе се оставени на маргините. Кога една држава со години гради систем во кој партискиот послушник вреди повеќе од образованиот интелектуалец, таа свесно ја потпишува сопствената капитулација. Тоа што младите и...

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...