Skip to main content

Епидемиите не само што ги уништуваат економиите, туку и јасно ги истакнуваат општествените нееднаквости

Многу пред постојаното слободното движење на луѓе и стоки во светот, пандемиите веќе беа неизоставен дел од човековата цивилизација. Како мистериозни, големи историски настани, масовните епидемии на болести честопати ги нарушија старите верувања и пристапи, воведувајќи големи промени во нормалниот тек на животот. Но, пандемијата на КОВИД-19 може од корен да ја промени оваа шема. На многу начини сегашната пандемија потсетува на нејзините претходници.


Предвидливо или не, појавите на болести секогаш ги изненадувале властите, кои честопати не успеваа да одговорат брзо и одлучно. Алберт Ками ја прикажа оваа тенденција во неговиот роман „Чума“, а кинеската влада практично ја покажа кога првично ги прикри информациите за новиот коронавирус. Американскиот претседател Доналд Трамп го стори истото тоа кога ја минимизира заканата минатиот месец со што го изедначи КОВИД-19 со сезонски грип.

Поради недостиг од предвидливост на лидерите, честопати луѓето остануваа само со една вистинска одбрана од епидемиите, а тоа е физичкото дистанцирање. Даниел Дефо во својата книга „Журналот за годината на чумата“ за појавата на бубонска чума во Лондон во 1665 година, наведува дека локалната власт забранила настани и собири, ги затворила училишта и вовела карантин.

За време на кризата од КОВИД-19, изолациите и другите протоколи со физичко дистанцирање ги спречија луѓето да ги посетуваат своите најблиски што умираат и се променија процедурите при погребите. Во Кина наводно се препорачува семејствата да ги погребуваат своите мртви брзо и тивко. Сателитските слики покажуваат дека се ископани масовни гробови во Иран. Властите на Њујорк исто така направија масовни погреби, наменети за оние што немаат роднини или семејства, кои можат да си дозволат погреб. На некои гробишта во Лондон дури повеќе нема гробни места.

Друга паралела меѓу актуелната пандемија и нејзините претходнички е тенденцијата да се усвојуваат експериментални терапии. Истражувачите што работат на КОВИД-19 имаат многу понапредно сфаќање за болеста.

Додека чекаме лек или вакцина против болеста, се тестираат постојните антивирусни лекови, како оној што се користеше против маларија, иако даваат мешани резултати. Употребата на хлорокинот предизвика загриженост откако кај пациенти што го примале, се јавиле знаци на срцеви компликации. Нормално постојат и лажни терапии. Денес шарлатаните со помош на социјалните медиуми препорачуваат дека кокаинот или пиењето белило штитат од КОВИД-19. Самиот Трамп го фалеше хидроксихлорокинот како можен „универзален лек“, поради што една двојка реши на своја рака да го проба покрај недоволното тестирање.

Епидемиите не само што ги уништуваат економиите, туку и јасно ги истакнуваат општествените нееднаквости и ја продлабочуваат недовербата во статус квото. Болеста не прави разлика помеѓу богатите и сиромашните, но условите за живот секогаш ги прават сиромашните и маргинализираните поранливи. Макијавели, кој беше сведок и веројатно умре во чумата во Фиренца во 1527 година, ја сметаше епидемијата како директен резултат на погрешно управување. Критиките за Кина, Трамп, британскиот премиер Борис Џонсон и други го вратија ова чувство.

Други ги гледаат епидемиите низ призмата на теориите на заговор. Марко Аврелиј ги обвинувал христијаните за антонинската чума. Во христијанска Европа, за црната смрт во 14 век биле виновни Евреите. Замислените виновници зад кризата од КОВИД-19 се зрачењето од 5Г-технологијата, американска војска, кинеска војска и повторно Евреите. Државните медиуми во Иран ги предупредуваа луѓето да не користат вакцина направена од израелски научници.

Публикациите во Турција и во Палестина го дефинираа КОВИД-19 како израелско биолошко оружје. Супериорните белци во Австрија, Швајцарија и во САД го обвинија еврејскиот финансиер и филантроп Џорџ Сорос, за кој тие веруваат дека сака да ја намалат светската популација и да се збогати од вакцината.

И покрај сличностите, пандемијата на КОВИД-19, најверојатно, ќе истакне дека се мали шансите да се промени утврдениот поредок. Антонинската и јустинијанската чума го поттикнаа ширењето на христијанството низ цела Европа. Црната смрт ги сврте луѓето кон помалку религиозно, похуманистичко гледиште за светот што доведе до ренесансата. Шпанскиот грип предизвика востанија, масовни работнички штрајкови и антиимперијалистички протести, а во Индија, каде што починаа милиони, се разгоре движењето за независност.

Спротивно на тоа, сегашната пандемија може да зајакне три актуелни и силно деструктивни трендови: деглобализација, унилатерализам и авторитарно надзорен капитализам. Речиси веднаш почнаа да се интензивираат апелите за намалување на зависноста од глобалните синџири на вредности, кои веќе беа актуелни пред кризата. Напорите на ЕУ да изработи заедничка стратегија повторно ги изложија старите поделби во блокот. Трамп одлучи да го прекине финансирањето за СЗО. Под изговорот за борбата за живот, властите во Кина или во Русија ги кршат слободите и ја нарушуваат личната приватност. Двете светски војни покажаа дека светскиот поредок организиран околу егоцентричниот национализам не соодветствува со мирот и безбедноста. Пандемијата ја истакна итната потреба од нова рамнотежа меѓу нацијата држава и наднационалните институции. Доколку се укине тоа, само ќе се зголеми штетата од КОВИД-19.


Автор: Шломо бен Ами, поранешен министер за надворешни работи на Израел и актуелен потпретседател на меѓународниот центар за мир „Толедо“

Извор: Project Syndicate

Фото: Palestina Libre

Popular posts from this blog

Илија Јованов: Македонија – од заробена држава до хибриден режим

Од оаза на мирот до конфликтно подрачје Република Македонија во 1990-те години на минатиот век беше нарекувана со епитетот „оаза на мирот“, алудирајќи на фактот дека беше единствена република која отцепувањето од поранешна СФРЈ не го означи со крв на нејзина територија, туку со демократски референдум, како највисок стадиум на демократија. Во наредната деценија од осамостојувањето, на наша територија примивме повеќе од двесте илјади бегалци за време на војната на Косово, а во 2001 година се соочивме со вооружен конфликт на сопствена територија. Злосторствата сторени за време на овој конфликт политичарите решија да ги амнестираат, иако меѓународното право пропишува дека воени злосторства не застаруваат. Анализирајќи ги состојбите од историски аспект, ми се чини дека македонските граѓани никогаш не се навикнаа да живеат во состојба на мир и благосостојба, туку во состојба на незавршен мир и константни скриени закани од нови конфликти и немири. Меѓуетничките тензии внатре во Македонија, до...

Златно доба на корупцијата

Кога во 165 година на новата ера, пандемијата на чума потрајала цели 25 години, косејќи дури и по 2000 животи дневно, Марко Аврелиј бил командант на данубијанската област и во тоа својство задолжен да се справува со болеста. Тој бил еден од ретките што во тоа време водел дневник (под наслов „Разговори со самиот себе“). И тој и неговиот дневник останале запаметени во историјата делумно и заради реченицата: „Најстрашната зараза е корупцијата, полошо од која било инфекција, зашто доживотно ги загадува луѓето“. Марко Аврелиј важел за интелектуалец помеѓу римските императори, а до нашиве времиња стигнал и како една од најоспоруваните историски личности во Америка, за време на владеењето на Роналд Реган и неолиберализмот. Неговата сентенца дека „даноците се цена на цивилизацијата“ била оспорувана како да ја кажал некој од тогашните влијателни сенатори, а не државник од пред речиси две илјади години. Разумот боде очи зашто не застарува. А дека Аврелиј не претерувал се потрудил да докаже латин...

Харари: Живееме во застрашувачка ера кога цели истории и нации можат да бидат лажирани

Во својата нова книга, „21 лекции за 21 век“, најпродаваниот автор го свртува вниманието кон проблемите со кои се соочуваме денес. Овде, тој тврди дека „лажните вести“ се многу постари од Фејсбук. Деновиве постојано ни се кажува дека живееме во нова и застрашувачка ера на „пост-вистината“, и дека лагите и фикциите се насекаде околу нас. Не е тешко да се најдат примери. Така, кон крајот на февруари 2014 година, руските специјални единици кои немаат обележја на армијата ја нападнаа Украина и окупираа клучни инсталации на Крим. Руската влада и претседателот Владимир Путин лично повеќепати негираа дека станува збор за руски трупи и ги опиша како спонтани „групи за самоодбрана“ кои можеби стекнале опрема од руски изглед од локалните продавници. Бидејќи тие го искажаа ова прилично тврдоглаво тврдење, Путин и неговите помошници добро знаеја дека лажат. Руските националисти можат да ја изразат оваа лага тврдејќи дека тоа служело за поголема вистина. Русија се занимаваше со праведна војна и...