Skip to main content

Posts

За поетот Рацин

Коста Апостолов Солев Рацин. Личност која се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, автор кој пишуваше за маките и страдањата на македонскиот народ во првата половина на 20 век, за духот на индивидуалното наспроти колективното, за социјалната правда, човекот кој се занимавал и со проза и кој напишал неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика, личност за која сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, човекот кој ја напиша „Бели мугри“, а денес, години по неговата смрт, одредени личности се обидуваат да го оцрнат него и да фрлат црно петно врз неговото творештво! Големиот поет Коста Солев Рацин ќе запише: „Времиња тешки дојдова, уште потешки прокуди.“ Како Рацина пророчки да го предвидувал денешното време! Како што го предвиде и нобеловецот Иво Андриќ ова време кога запиша дека: „Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а сиромашниот ќе се обогати...

Држава без младина нема иднина!

Низ процесот на образование, потребно е сите млади луѓе да се едуцираат, но и да се насочат критички да размислуваат во врска со било кое прашање и во било која општествена или научна област. Само на тој начин се создаваат здраворазумни млади луѓе кои за неколку години ќе го преземат приматот на моќна сила во општеството. Генерации кои треба да бидат иднина на оваа држава. Но, доколку институциите на системот се однесуваат игнорантски кон нив се поставува прашањето дали воопшто овие генерации на млади луѓе би останале да живеат во Република Македонија? И ако пред неколку години (од едно спроведено истражување беше констатирано дека) дури 90% од младите луѓе се изјасниле дека својата иднина не ја гледаат во оваа држава, тогаш евидентно е дека имаме тотална ерозија на системот. Сето ова е погубно за младите луѓе и за нашата држава, бидејќи држава без младина нема иднина! Минатава недела средношколците од неколку средни училишта, незадоволни од состојбите во средното образование, решиј...

Со тестови не се врши реформа во образованието

Во 1976 година социјалниот психолог, истражувач во експерименталните општествени науки и автор на многу дела од областа на истражувачката методологија, Доналд Т. Кембел го објавил т.н. Закон на Кембел. Според овој закон кога мерењето станува цел сама по себе, тогаш тоа престанува да биде добрa мерка. Или, кажано со други зборови, кога луѓето ги принудувате да постигнат одредена бројка, тогаш таа бројка ќе стане нивна единствена цел и опсесија. Во општествените науки законот на Кембел се користи за да укаже на негативните последици од т.н. тестови каде влоговите се големи (тоа се сите оние тестови кои имаат значајни последици врз тестираното лице, на пример: полагањето за добивање на возачка дозвола, полагањето за добивање на лиценца за работа и сл.). Ова е во случаите кога целосната содржина на тестовите е фокусирана единствено кон подготвување на учениците/студентите само за полагање на стандардизиран тест, а нивниот емотивен, социјален, морален и креативен развој воопшто не се зе...

Студентска еволуција

Сезар Чавес запишал: “Студентите треба да имаат иницијативи, не треба да бидат обични имитатори. Тие треба да научат да мислат и да дејствуваат за самите себе - и да бидат слободни.“ Во изминативе две години пишував за студентската неорганизираност, за незаинтересираноста за промени, за конфирмизмот којшто владее кај младите луѓе и за апатијата која стана наше секојдневие. Овие негативни особини долго беа карактеристични за македонските студенти. А сега со гордост можам да кажам дека студентите созреаја, во нивните ментални матрици еволуираше свеста за колективното и навестија дека се спремни да се борат за своите права! Причина, се разбира, беше најавувањето на т.н. „екстерно тестирање“ (кое премина во т.н. „државен испит“). Но, според мене, причините се подлабоки и посуштински. Имено, високото образование одамна изгуби од својот квалитет. Отворањето на ефтините државни дисперзирани факултети значително го намали квалитетот на знаење што секој студент би требало да го сте...

Каде по дипломирањето?

Зошто младиот човек не ја гледа својата иднина во Република Македонија? Како се чувствувате кога ќе прочитате дека секој втор средношколец размислува по една деценија да си замине од државава? Дали на некој му е воопшто грижа ако младината се гледа себе си во странство? Води ли грижа некој за овие работи? Според мене – не! По дипломирањето следува тешкиот и макотрпен период на барање работа. Истражувањата покажуваат дека по одреден период на интензивно барање на работа, младите се откажуваат и кај нив се јавуваат чувства на незадоволство, гнев и апатија, додека иницијативноста кај овие лица се намалува. Подгрени надежите кај младите луѓе дека со завршено високо образование веднаш се доаѓа до посакуваната работа, резултираат со запишување на голем дел од тие лица на високо образовните институции (а ги има многу) со што се засилуваат стравувањата дека ни се множат високообразовани кадри во нашата држава кои по дипломирањето нема да можат да најдат (соодветна) работа. Значи вината лежи...

За потребата од револуција во образовните системи

Постојните системи за јавно образование биле дизајнирани во периодот помеѓу втората половина на XVIII и првата половина на XIX век. Претходно такви системи воопшто и не постоеле. Неминовно зачетоците на системите за јавно образование биле условени и со тогашната индустриска револуција. Значајно е да се истакне дека идејата за јавно образование кое ќе се финансира од даноците кои ги плаќаат сите луѓе, а ќе биде достапно и бесплатно за широките народни маси – била револуционерна и многу значајна. Она што на прв поглед е воочливо за денешниот образовен систем е тоа што тој е моделиран во интерес на индустријализмот. Тоа се гледа, на пример, во самата организација на училиштата. Тие се организирани како фабрики. А во нив -поделби, поделби и уште поделби. Класично ѕвонче кое го означува почетокот и крајот на наставата, поделба на учениците во училници, поделба на предметите по важност (на пример: математика и странски јазици како најважни, потоа хуманистички науки, па природни науки и...

Младата милениумска генерација и пазарот на трудот

Младата милениумска генерација е генерацијата на којашто и јас припаѓам. Во оваа генерација спаѓаат лицата од 19 до 29 годишна возраст. Младите луѓе ја користат ползата од интернетот и информатичките технологии и слободно се изразуваат во тој виртуелен простор. Тие често умеат да се изразуваат и да пишуваат на одредени теми на форуми или на личните блогови. Зошто е важно да се искажува сопственото мислење и став со користење на друштвените мрежи и социјалните платформи? Бидејќи во денешно време се бара и се цени иновативност и креативност и соодветен начин како истите да се пренесат и употребат во практиката. Често подложни на критики, а сепак вртоглаво користени во секојдневниот живот. Ова слободно би можело да се каже за друштвените мрежи. Од споделување на сопствени размислувања и ставови, преку поврзување со пријателите, па сѐ до барање работа – овие мрежи ни помагаат да ги оствариме своите цели. А не смееме да заборавиме дека и секој од нас сака да биде слушнат, прочитан и ...

Мојата генерација

Мојата генерација е генерацијата која се роди во годината во која се „роди“ и  самостојна, независна и суверена Република Македонија. Мојата генерација е генерацијата која детството го помина во периодот на транзицијата. Ова е генерацијата која се роди за време на воспоставувањето и градењето на еден комплетно нов систем. Ова е и генерацијата која живее во време на експанзија на информатичката технологијата. „Не седи на земја, ладно е!“. Колку и да Ви звучи смешно, ова беше опомената што нашите мајки и баби секојдневно нѝ ја кажува, додека по цел ден бевме на улица, игравме безгрижно и се дружевме меѓусебно. Денес ова остана само како добар спомен и сеќавање од нашето детство. И на човек му доаѓа да заплаче кога знае дека тие моменти нема никогаш повеќе да се повторат. Мојата генерација беше генерацијата која имаше безгрижно детство. Мојата генерација беше генерацијата која после наставата на училиште се враќаше дома а потоа продолжуваше со топка на улица. Мојата генерација б...

Иднината на државата е во младите луѓе!

Се наоѓаме во период на изборна еуфорија во нашата држава. Секојдневните политички пораки кои политичарите си ги упатуваат меѓусебно, но и до народот нема да најдат простор во оваа колумна. Зошто? Затоа што ние младите луѓе се споменуваме само кога е потребна бројка за да се оствари изборна победа! За проблемите со кои секојдневно се соочуваме, нема слух ниту воља за решавање! Во македонското општество постои погрешна перцепција за политиката и за политичките партии. Не постои општество во светот во кое толку многу политиката е навлезена во него, како ова нашево. На телевизија, на радио, во печатените и во електронските медиуми, насекаде околу нас и секојдневно – наголемо и нашироко се пишува и се зборува за политика. Вистински опиум за народот! Кога во општеството владее атмосфера на сеприсутност на политиката во нашите животи и во нашето (потесно или пошироко) опкружување, невозможно е да се остане без коментар за ставовите на политичарите и да не се вклучи широката н...

Студентите – градители на општествениот систем

Во една од моите почетни колумни запишав дека студентите долго време биле сметани за слободоумни личности и важеле за една моќна и независна сила во општеството. За своевидна авангарда. Од студентите се очекувало да имаат послободни и полиберални видувања за самите процеси кои се случуваат во рамките на општеството. Од нив се очекувало да дадат идеја, да искажат мислење, да имаат свој став. Само така може да се очекува студентите да бидат идните градители на општествениот систем. А дали системот е воспоставениот општествен поредок во кој владеат правни норми како волја на владеачката класа кои сите ние како припадници на едно општество мораме да ги почитуваме, бидејќи зад нивната примена стои стравот од санкција која би ја извршила државата со својот апарат за принуда, или системот е нешто што сите ние можеме заеднички да го изградиме со своите предлози, идеи и труд?  Системот е тој што е подложен на промени. Промените се неопходни за негово подобрување и демократизирање. А...