Skip to main content

Posts

Диплома или знаење?

Мнозинството од младите луѓе се запишуваат на факултет за да добијат диплома, а со цел подоцна полесно да најдат работа. Меѓутоа, з апишувањето на факултет и студирањето би требало да значи дека студентот сака да стекне знаење, информации и вештини од определена област кои подоцна ќе му бидат корисни, а не само да добие парче хартија, наречено диплома! Знаењето е поим со многу значења што зависат од контекс тот , но по правило е нај блиску врзано со концепти како што се информации, факти, комуникација, учење и ментален стимул. Теоретски кажано знаењето претставува свест или разбирање на одредени факти, вистини или информации добиени во форма на искуство или на учење ( a posteriori ), или низ процес на интроспекција ( a priori ). Знаењето е блиску поврзано со поседување на битни и меѓусебно поврзан и детали кои сами по себе имаат помала   вредност . Поинаку кажано, з наење то е збир на информации и вештини кои се стекнати со искуство и образование, а кои низ проби и евалу...

Целта на образованието

Големиот ум од античко време Аристотел има запишано дека образованието е најдобрата животна одлука. Во текот на целиот наш живот ние постојано учиме и се надоградуваме себеси. Стекнуваме како формално, така и неформално образование и вештини. Зошто го правиме сето тоа? Пред сѐ, затоа што се надеваме дека еден ден сето тоа ќе ни биде од полза. Од најрана возраст започнуваме со буквар и полека полека навлегуваме во светот на пишаниот збор. Во оној прекрасен и чудесен свет кој почнува да нѐ обзема. Колку ќе навлеземе во тој свет зависи од самите нас. Со текот на годините коишто претстојат пред нас во образовниот циклус изучуваме најразлични предмети и добиваме многубројни информации. Најголем дел од тие информации ќе бидат заборавени веднаш после испрашувањето или полагањето на тестот. Во делот на учењето на содржини за време на основното образование, она што го карактеризира овој период е учењето „на памет“, односно учењето механички. Учениците учат за да добијат поголема оценка, ...

Ако постои проблем, постои и решение!

„Веќе одамна за мене не е важно кој умее да говори во ова општество, не е важно ни со какви зборови ни со каков тон; важно е тоа што знае да направи тој, како го прави тоа и како она што некогаш го направил умее да го одржува, да го усовршува и да го брани.“ Овие зборови запишани од страна на Иво Андриќ, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1961 година, ми паднаа во очи и не ми излегуваат од глава. Неговите зборови се покриени со превез што те тера да го тргнеш, а потоа со отворен ум да ги препрочитуваш повторно и повторно. Дали овие зборови на големиот Андриќ може да се поврзат и со состојбата во која се наоѓаат студентите како еден дел од нашето општество? Се разбира – да! Со какви зборови и со каков тон студентите зборуваат за проблемите со кои се соочуваат за време на своите студии? Како го прават тоа и како она што некогаш го направиле умеат да го одржуваат, да го усовршуваат и да го бранат? Хмм... Ако си ги поставиме овие прашања и ако бараме одговор за нив, с...

„Образование за мир“

Нека мирот преовладува на земјата и нека барем еден ден е исполнет со мир и ненасилство. Тоа би била универзалната порака за овој ден, денес прославуван во повеќе од 180 земји ширум светот. Еден ден во годината исполнет со мир е премалку, но и премногу во ситуација кога во светот, на повеќе меридијани, оружјето не мирува и кога крвави известувања стигнуваат од сите кризни жаришта.  Секоја година на 21 септември ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на мирот, ден кој е посветен на јакнењето на идеалите за мир помеѓу сите нации и народи. Генералното собрание на ОН официјално го усвои овој датум како Ден на мирот во 2001 година, на тој начин изразувајќи ја својата посветеност на светскиот мир, како поддршка на сите луѓе што работат на постигнувањето на таа цел. Меѓународниот ден на мирот е востановен уште во 1981 година со резолуцијата 36/67, на Генералното собрание на ОН, а првиот Ден на мирот бил обележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание н...

„Учи за да не работиш“ - точно!

Форсирањето за запишување на студенти на техничките факултети, во однос на факултетите за општествени науки, не смее да се сведе само на кампања. Но, и ние кои студираме на факултетите од областа на општествените науки не смееме да бидеме потценети и маргинализирани од страна на државата и нејзините институции! Правејќи осврт врз трендовите кои постојат последниве неколку години во високото образование во Република Македонија, евидентно е дека младите луѓе се запишуваат на факултет заради следниве причини:  - надеж дека со диплома за завршено високо образование полесно ќе се најде работа; - можноста во текот на студиите да се аплицира за заминување во странство и - одложување на процесот за вработување. Во минатото на младите луѓе им ја всадувале во глава максимата „учи за да не работиш“. Денес, за жал, оваа максима буквално си го пронашла своето место во општественото живеење. Сведоци сме за илјадници дипломирани млади луѓе кои си го бараат своето место во опште...

Зајакнување на врските во младинската соработка

Отворете поле за меѓусебна соработка, дајте им шанса на идеите, размислувањата и ставовите. Нека тие бидат искажани и нека си го пронајдат своето вистинско место.  Во периодот од 24 до 26 јуни годинава, во Загреб, Република Хрватска, се одржа младинска конференција на тема: „Хрватска во ЕУ - зајакнување на врските во младинската соработка“. На конференцијата присуствуваа 220 учесници од земјите-членки на ЕУ, од Хрватска, како и од кандидатите и потенцијалните кандидати за идно членство во ЕУ. Целта на конференцијата е да се дискутира за клучите прашања за зајакнување на младинската соработка во Европа.  Оваа конференција претставува уникатна можност за да се разгледаат и дискутираат постигнувањата и предизвиците за младинска соработка во проширена ЕУ; да се рефлектира европскиот идентитет; да се истражи како може да се изградат мостови помеѓу младите луѓе низ Европа и да се споделат искуства за време на интерактивните работилници, сесии и дискусии во групи.  За време на о...

Важноста на студентското организирање

Според одредени истражувања што се извршени во однос на студентското организирање во нашата држава, еклатантен е податокот дека повеќе од 80% од студентите не се членови на ниту една студентска организација. Оваа состојба мора да се промени и мора да се изнајдат начини како студентите да се вклучат во студентските организации, кои сепак (треба да) постојат за да ги штитат нашите права и интереси. За да може да се промени состојбата, мора да видиме кои се главните причини поради кои младите луѓе не се вклучуваат во овие организации. Во прв ред, јас овде би ги сместил неинформираноста за постоењето, плановите и целите на студентските организации, потоа незапознаеноста со нивните активности, како и начинот за вклучување во истите. Сѐ додека водечки принцип во животот на младите луѓе е конформизмот, а мисла водилка е “наведната глава сабја не ја сече“ – ние нема да можеме да зборуваме за младите како за движечка сила во општеството. Неорганизираноста и апатичноста кај нашите студенти е вид...

Младите помеѓу стравот и самопочитта

Јас им велам на младите луѓе: Не мислете на себе, мислете на другите. Размислувајте за иднината што ве очекува, мислете за она што можете да го направите и не плашете се од ништо. Оваа мисла (во мој слободен превод) кажана од неврологот Rita Levi-Montalcini, добитничка на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1986 година, ми беше поттик да пишувањето на овој текст.  Веднаш си го поставив прашањето за тоа каде сме ние младите луѓе во ова наше општество? Дали ние се изгубивме на патот по кој одевме за да постигнеме некоја цел и да станеме некој и нешто? Велат дека денес ние младите луѓе сме биле како пешачки премин – се газиме меѓусебно само за да ја преминеме улицата! Улицата би требало да ја симболизира целта што сакаме да ја постигнеме(?). Лесно и без размислување ја прифативме Макијавеловата дека „целта ги оправдува средствата“? Погазувањето на единственото што нас не разликува од животните е оправдано доколку ги постигнеме своите егоистични цели?  ...

Вредноста на образованието

Дали ќе се согласиме со Плутарх дека вредноста на образованието не се мери по бројот на прочитаните книги, туку по нивната употреба во животот? Во текот на целиот образовен процес сме прочитале стотици и стотици учебници и книги, но колку од сето она што сме го прочитале останало во нашето сеќавање и се врежало во нашите глави? Многу малку? Да, се согласувам. А ни велеа само да читаме, бидејќи сетоа тоа би ни било потребно еден ден во животот. Ни велеа дека сите тие информации ќе ни бидат корисни. Во текот на нашето образование ние се стекнавме со многу познавања, информации и вештини, но за жал, сосема мал дел од истите можеме да ги искористиме во понатамошниот животен век. Сепак, како и да е, за време на нашиот живот поминуваме низ два (паралелни) процеси или фази на учење. Тоа се формалното и неформалното образование. Формалното образование е образованието што го добиваме додека седиме во училишните клупи. Сето она што го стекнуваме како знаење и искуство надвор од училишта...

Студентска (не)организираност

Колку пати за време на нашето студирање сме се соочиле со професори кои што кон нас настапувале од позиција на моќ и авторитет и се однесувале недолично за функцијата што ја извршуваат и за позицијата на која се наоѓаат? Колку пати нашите права како студенти биле повредени? Колку пати сме се запрашале дали постои некој механизам за заштита на нашите права и интереси? Колку пати сме добиле таква заштита? Овој текст го насловив студентска (не)организираност заради две причини. Првата причина е тоа што ние студентите сме апсолутно неорганизирани, но и незаинтересирани за нашата положба и улога во системот на високото образование. Воопшто не ни е важно дали постои студентска организација, дали постои заштита на студентите кога нашите права се загрозени или прекршени, дали одредено однесување на професорите ги преминува границите на односот студент – професор и како ние како студенти да се заштитиме себе си и нашите права? Втората причина, пак, е поврзана со првата, односно следствено ...